Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар победија со 45 голови разлика
Кадетките на Вардар победија со 45 голови разлика

Кадетките на Вардар победија со 45 голови разлика

Кадетките на Вардар Јуниор  имаа лесна задача денеска во малата сала во СЦ. Јане Сандански. Во сосема релаксиран натпревар, нашите млади девојки  на Драгана Ристова го победија убедливо тимот на ЖРК Овче Поле со резултат 57-12 (26-6).
.
Натпреварот започна со два гола на нашиот тим, потоа следуваше гол на противникот за намалување на 2-1. Кон средината на првиот дел веќе се беше јасно, некаде околу 15. минута резултатот гласеше 16-3 за Вардар. Противникот делуваше немоќно и во продолжението, па така на пауза Вардар замина со убедливи 26-6. Во вториот дел убедливата игра на Вардар и пред се успешноста во нападот продолжи, па така некаде околу 40. минути црвено – црните имаа предност од високи 35-9. До крајот на дуелот сите ракометари влегоа во игра, па така на крајот Вардар изброја до 57 голови, а прими само 12 за уште една убедлива победа.
.
Стрелци: Софтовска 9, Петковска 9, Миновска 7, Седлоска 7, Јаковчевска 6, Ѓорѓиевска 5, Наскоска 4, Коларовска 4, Галевска 2, Костиќ 2, Џатевска 1 и Дамјановска 1. Симона Грујовска (7 одбрани/2 пенала, фрлени 3 контри), Јована Трајкоска (5 одбрани, фрлени 4 контри.