Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови убедливи победи за генер. “2007“ во денешното коло на детската лига, совладани се Скупи и Гоблен
Две нови убедливи победи за генер. “2007“ во денешното коло на детската лига, совладани се Скупи и Гоблен

Две нови убедливи победи за генер. “2007“ во денешното коло на детската лига, совладани се Скупи и Гоблен

Вардаровата генерација родени “2007“ година денес одигра два натпревари во детската фудбалска лига. Активни беа екипите на Вардар (1) кој го совлада тимот на Скупи и Вардар (2) кој беше подобар од тимот на Гоблен.

Вардар (1) се сретна со екипата на Скупи, која ја совлада со резултат со 5:2. Првиот директен удар го имаше противникот, но успешно одбрани голманот на Вардар, Даниел Исајловски. Првата прилика кај Вардар ја имаше Војо Стојановски, кој по асистенција на Радески, успеа да бие, но голманот на Скупи го одбрани ударот. Вардар ја имаше иницијативата на мечот, која успеа да ја претвори и набргу во погодок. Имаше обид и Марко Киш кој бие само покрај противничкиот гол, додека Скупи имаше можност прв да поведе, но имавме среќа кога топката ја погоди само стативата од нашиот гол. Следиме и прв гол на натпреварот, а истиот го постигна екипата на Вардар, стрелец е Војо Стојановски за предност од 1:0, откако половина гол се препишува на Златко Радески кој се сам направи од левата страна додаде до Стојановски кој погодува. Дека Радески се наоѓа во одлична форма покажува со следниот гол, за предност од 2:0 а дело токму на овој играч, кој бие од половина терен кој го лобува голманот на Скупи. Црвено-црните имаа можност да го зголемат резултатот, но Котевски од втор обид ја погоди стативата, откако од прв обид успева да одбрани голманот. До крајот на првите 25 минути успеваме да го зголемиме резултатот на 3:0, откако со евро гол во листата на стрелци се запиша и Александар Грашески, кој му донесе предност на Вардар од 3:0. Имаше обид и Скупи, но резултатот остана непроменет.

На стартот на второто полувреме, екипата на Скупи успева да постигне гол и да го намали резултатот на 3:1. Во овој дел од мечот, се обидуваше противникот да пружи отпор, но вардарци не дозволија изненадување. Го враќаме погодокот на Скупи, кога избраниците на Трајановски со вториот гол на Грашески успеваат да поведат со 4:1. Немаше многу возбудувања во вториот дел, гледавме цврста и борбена игра на теренот. До крајот на мечот паднаа уште два гола. Најпрво екипата на Скупи успеа да го намали резултатот на 4:2, за конечниот резултат од 5:2 на овој дуел да го постави Александар Грашески.

Триумф оствари и тимот на Вардар (2) кој успеа да го совлада тимот на Гоблен од Куманово. Интересно на овој натпревар, прв во водство дојде екипата на Гоблен, која го отвори реултатот на 0:1. Сепак тоа беше се што успеа противникот да направи на овој меч, а овој гол се покажа и како единствен за нив до крајот на дуелот. Брго избраниците на Трајановски го израмнија резултатот со голот на Борјан Томовски, кој погоди за 1:1. Вардар покажа дека е далеку подобар на овој меч и до крајот ја наполни мрежата на противникот. Прва предност за црвено-црните донесе Драган Лебариќ кој успеа да постигне гол, за водство на Вардар од 2:1. Константно го напаѓавме голот на противникот и создававме прилики за погодок. Повторно во листата на стрелци успева да се запише и Борјан Томовски, кој со својот втор гол денес го зголеми резултатот на 3:1. До крајот на првиот дел проследивме два гола во мрежата на Гоблен, а ги постигна еден исти играч, тоа беше Никола Јовановски, за на полувреме да имаме солидно водство од 5:1.

Доминиравме и во второто полувреме, додека противникот се бранеше за да не загуби со поголема негатива. Голеадата во вториот дел ја започна Иван Стојановиќ, кој во тој момент го постигна својот прв гол и зголеми на 6:1. Треба да се одбележа и неколку добри интервенции на нашиот голман, Јован Спасовски, кој немаше многу работа, но сепак ударите кои одеа кон неговиот гол, успеа успешно да ги скроти. Томовски се најде во нова прилика, но резултатот остана непроменет. Следи нов гол во мрежата на Гоблен, втор на мечот за Драган Лебариќ кој го зголеми водството на Вардар на 7:1. Шанса да се запише во листата на стрелци доби и Лео Манчев, откако успешно реализираше удар од белата точка, за водство од 8:1. До крајот на дуелот, Иван Стојановиќ со својот втор гол на денешниот натпревар ги постави конечните 9:1 на овој меч од детската лига, кај генерацијата родени “2007“ година.