Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ се врати на победите, избраниците на “Чунга Лунга“ славеа на гостувањето кај тимот на Македонија Ѓ.П
ФК Вардар генер. “2003“ се врати на победите, избраниците на “Чунга Лунга“ славеа на гостувањето кај тимот на Македонија Ѓ.П

ФК Вардар генер. “2003“ се врати на победите, избраниците на “Чунга Лунга“ славеа на гостувањето кај тимот на Македонија Ѓ.П

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година се вратија на победите во регионалната-скопска лига. На теренот во Ѓорче избраниците на “Чунга Лунга“ успеаа да ја победат екипата на Македонија Ѓ.П со резултат 1:4.

Интересно на овој дуел, резултатот го отвори домашната екипа која имаше предност од 1:0. Сепак до крајот на вториот дел, Вардар успеа да се врати во игра и со голот на Сулејман Исмаили да го израмни резултатот на 1:1, што беше и актуелен по истекот на првите 40 минути.

Во вториот дел Вардар беше далеку подмоќен од противникот и успеа да постигне три гола и да го реши победникот на овој дуел. Шанса за настап на овој натпревар добија и двајца играчи, кои се генерациски родени “2004“ година. Токму со нивните голови успеваме да направиме резултатски пресврт. Најпрво Бесар Гуџуфи погоди за предност од 2:1, за после него во листата на стрелци да се запише и Георг Стојановски за водство од 3:1. Македонија Ѓ.П немаше сили да се надигрува со Вардар, па прими уште еден гол во својата мрежа, прв денес на Дарио Јовановски, за конечен резултат од 4:1.

Вардар: Стојковски (c), Марковски, Исмаили, Сељанац, Јовановски, Алими, В.Стојановски, Петрушевски, Г.Стојановски, Гуџуфи, Мирков.

Во игра влегоа уште и Петкоски, Тасески, Трпезановски и Јовчев.

На овој дуел, тренерот Петрески не беше во можност да смета на тројца свои стандардни играчи, кои од утре заминуваат со репрезентацијата до 15 години на турнир во Италија. Се работи за Петар Давидовски, Филип Ѓорѓоски и Лео Андрески.