Денес во Градски Парк во Скопје на терените на ФК Работнички се одигра 4.коло од пролетниот дел во детската лига. Тимот предводен од Зоран Петковски, ФК Вардар генер. “2010“ (2) се сретна со тимот на ФК Работнички и дојде до висока и убедлива победа. Момците триумфираа со седум гола позитива, тие забележаа победа со резултат 9-2 (3-2) на овој натпревар.
Првиот дел беше повозбудлив и со повеќе израмнетост за разлика од вториот дел каде целосно доминиравме. Првиот дел го отворивме со два гола за наша предност од 2-0 на почетокот, потоа противникот намали на 2-1. Во финишот успеавме да се вратиме на два позитива поведувајќи со 3-1, сепак до крајот романтичарите постигнаа уште еден гол за 3-2. Токму со тој резултат се оконча првиот дел. За нас тритте гола ги постигнаа двајца играчи, два гола беа дело на Давид Лозанов и еден погодок постигна Петар Васоски.
Вториот дел почна со целосна доминација на црвено-црните момци кои набрзина по три минути игра со два гола зголемија на 5-2 и највивја дека денес одат на цел плен. Најпрвин на 4-2 зголеми Давид Лозанов, а потоа за 5-2 стрелеаше денес одличниот Васоски Петар. Следеше период во кој токму овие двајца момци имаа уште по една прилика која не ја претворија во нов погодок, ние имамавме повеќе од играта во вториот дел, противникот успеа да шутне само два пати во истиот. Повторно за црвено-белите таличен беше Васоски Петар кој во соло продор ја мина одбраната и погоди за високи 6-2.
Во продолжение видовме еден навистина убав гол, од 15 метри со лоб голманот на Работнички на атрактивен начин го совлада Благојче Седлоски за пет гола предност, 7-2. До крајот не застанавме па повторно Васоски стрелаше за 8-2, и на крајот точка на овој дуел со погодок стави Јован Спасовски. Тој постигна погодок за 9-2 , резултат со кој заврши оваа средба.
Напомена: Средбата Вардар (1) – генер. “2010“ – Грозданоски е одложена.