Стеван Пичон и Лорен Реверет од Франција ќе бидат главни арбитри на утрешниот дуел во Германија на кој се среќаваат екипите на Кил и Вардар.
Покрај оваа француска судиска двојка, ЕХФ делегат ќе биде Петер Олсон од Шведска, а пак делегат на судењето е назначен да биде Висенте Леон од Шпанија.
Очекуваме фер и коректно судење на Пичон и Реверет.