Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Петковски ФК Вардар генер.2007 со два високи триумфи во детската лига
Избраниците на Петковски ФК Вардар генер.2007 со два високи триумфи во детската лига

Избраниците на Петковски ФК Вардар генер.2007 со два високи триумфи во детската лига

На терените на ФК Работнички во Градски парк денес во детската лига за генерација 2007 се одигра дерби помеѓу ФК Вардар(1) генер.2007 и врсниците од ФК Форца. Нашите момци , избраниците на Зоран Петковски триумфираа високо со резулат 6-0, мечот на полувреме беше 3-0 за црвено-црните.

a3

Почнавме офанзивно во првиот дел со цел рано да отвориме, нашите противници се одлучија за дефанзива и за контранапади. Погодуваме за 1-0 преку Борјан Томовски кој од левиот дел на теренот од “мртов агол“ со лева нога силно шутира, тоа е погодок за отварање на мечот . Истиот играч потоа има уште една прилика која не ја претвора во погодок. На сцена стапува Стефан Младеновски, најпрвин по казнет удар за нас по три корни тој изведува одлично и погодува за 2-0. Оваа генерација одлично игра во овој нов систем кога се игра 7+1, тоа го покажува во продолжение кога игра течно. Тренерот Петковски повлекува неколку играчи и го освежува составот во продолжение, ние имаме целосна иницијатива. Истата ја крунисуваме со погодок за 3-0, преку Стефан Младеновски кој изби сам на сам со голманот на Форца и умешно како да е сениор лобува прекрасно за 3-0. Овој резултат останува се до последниот свиреж на судијата Александар Нешкоски во првиот дел, момците со 3-0 идат на пауза.

a4

Вториот дел продолжува со гол-шоуто на Стефан Младеновски тој е стрелец на погодокот за 4-0, со волеј силно погодува за зголемување на нашето водство. Томовски има прилика прекрасна од свртување , но е блокиран во последен момент во продолжението од овој меч. Се играше средината на вториот дел одлично по лево проби Томовски Борјан кој несебично асистираше со денес најдобриот поединец во вардаровите редови , Стефан Младеновски кој погоди за 5-0, тоа беше неговиот четврти погодок денес на овој дуел. Имавме голема шанса од казнет удар преку Александар Грашевски, сепак иако убаво го изведе голманот на Форца успеа да одбрани со нога. Нашата одбрана денес е на висината на задачата нашите противници не го гледаат нашиот гол од нив. Единствена голема прилика за нив беше од слободен удар, кога шутнаа убаво сепак на голот го имаме одличниот   Лука Јаневски кој одбрани прекасно. До крајот погодуваме уште еднаш за 6-0, резултат со кој завршува мечот. Стрелец на голот е Милош Спасовски кој погодува од пенал, одлично поземја. Ова беше втора победа во вториот меч за оваа екипа во детската лига.

Стефан стрелец на четири гола

Стефан стрелец на четири гола

Екипата на ФК Вардар (2) генерација 2007 одигра меч во лигата со екипата на   Њу Старс, во истиот високо триумфирамве со резултат 11-1. Бевме подобри во текот на двете полувремиња на овој дуел, првото полувреме го завршивме со четири погодоци и ниту еден, односно 4-0. Во вториот дел “додадовме гас“ и отидовме на двоцифрена предност. Стрелци на овие 11 погодоци беа: Радевски Златко погоди три пати, Лео Манчев трипати стрелаше, по еден гол постигнаа: Котевски Петар, Филип, Војо Стојановски и Лебариќ Драган. Ова беше прва победа во ова второ коло за ФК Вардар (2), одкако во првото беа поразени од Драчево.