Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две убедливи победи за генерација “2004“ во детската лига, со 13 голови во противничките мрежи Вардарци го одбележаа денешното коло
Нови две убедливи победи за генерација “2004“ во детската лига, со 13 голови во противничките мрежи Вардарци го одбележаа денешното коло

Нови две убедливи победи за генерација “2004“ во детската лига, со 13 голови во противничките мрежи Вардарци го одбележаа денешното коло

 

Денес се одигра второто коло во детската фудбалска лига. На терените на фудбалската федерација на Македонија настап имаше Вардаровата генерација родени “2004“ година. Двете екипи на Ане Андовски заблежаа победи во дуелите со екипите на Фортуна,

Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник ја имаше екипата на Фортуна. Матеј Богдановски од редовите на Вардар ја имаше првата прилика на овој меч, но топката заврши покрај противничкиот гол. Црвено-црните имаа посед на топка и се обидуваа први да го отворат резултатот. Сепак Фортуна беше прва која поведе на овој дуел. Голманот Васко Василев сакајќи да исфрли еден противнички играч направи грешка, по што играчот се најде сам пред голот и биеше во небранетата мрежа за предност од 0:1. Вардарци можеа за брзо да го израмнат резултатот, откако Марио Ричков сакајќи да упати центар шут ја погоди пречката од голот на Фортуна. Противникот во овој дел од мечот му парираше на нашиот тим, имаше уште една прилика од корнер, се обиде еден од нивните играчи со глава биеше покрај голот на Василев. Несигурност во нашата одбрана можеше да не чини нов гол, но овој пат Василев спречи поголема негатива. Денес најактивниот во нашите редови Матео Софијаноски се обиде со удар, кој го брани противничкиот голман. До крјот на првото полувреме убава прилика и за Теодор Перковски, кој бие со волеј но само покрај противничкиот гол. Првото полувреме завршува со резултат 0:1.

vardarfans-pobeda

Денес расположениот Матео Софијаноски прв со шанса го отвори вториот дел, но голманот на Фортуна повторно спречува гол во нивната мрежа. Црвено-црните немаа намера да се откажат и постојано атакуваа кон голот на Фортуна. Марио Ричков повторно ја погодува пречката од голот, овој пат од слободен удар. Целосна доминација и офанзива на Вардарци, резултираше набргу со погодоци. Противникот прави три корни, по што судијата покажува на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Матео Софијаноски за израмнување на резултатот на 1:1. Ова момче имаше уште една убава шанса набрзина да постигне уште еден гол, но голманот на Фортуна успешно брани. Противникот немаше сила да го издржи силното темпо кое го наметна нашиот состав и среќата не можеше да биде вечно на страната на Фортуна. Конечно успеваме да погодиме за предност од 2:1, стрелец на голот беше Теодор Перковски. Уште еден погодок во противничката мрежа за конечен резултат од 3:1. Повторно од пенал погодува Матео Софијаноски, кој денес беше еден од најдобрите поединци на теренот.

vardarfans-gener-2004

Сосема заслужена победа на оваа екипа, која посебно одлично одигра во второто полувреме, со целосна доминација и атак кон голот на Фортуна.

Вистинска голеада за Вардар (2) на натпреварот против екипата на Кул Здравје (2). Убедлив триуф за оваа Вардарова екипа која со десет погодоци во противничката мрежа го одбележи ова коло. Првата прилика ја имаше денесе најефикасниот играч Георг Стојановски кој биеше покрај голот на Кул Здравје. Втор кој се обиде беше Марко Софијаноски, кој бие во рацете на голманот. Набргу успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0, стрелец на голот беше Горазд Попов. Следи одлична акција која почна од Георг, ја продолжи Горазд до Стојановски овој умешно ја сместува топката во гол. Марко Софијаноски повторно се обиде, но голманот на Кул го брани неговиот удар. Георг имаше можност да постигне нов гол, но безуспешно. Обиди имаа и Софијаноски, но и денес одличниот Димитар Стоимов кој беше еден од најактивните на теренот. Црвено-црните продолжија да атакуваат кон противничкиот гол, Никола Анчевски ја погудва пречката од голот на Кул Здравје. Првото полувреме со гол го затвара Георг Стојановски за водство од 4:0.

Со првиот погодок на Никола Анчевски во вториот дел продолжи серијата на голови за резултат од 5:0. Денес Георг Стојановски имаше свое голгетерско шоу, погодувајќи за 6:0. Противникот беше за класа послаб, што се почуствува и на теренот. Вардар постојано притискаше на половината  на Кул, што резултираше со нови голови. На 7:0 зголеми Горазд Попов. Нов гол за Георг Стојановски за водство од 8:0. Горазд Попов стигнува до својот хет-трик за предност од 9:0. Серијата на голови ја затвара денес одличниот Георг Стојановски за кој ова денес беше шести погодок, за конечни 10:0.

Два добри натпревари за оваа генерација, која го задржува максималниот број на освоени бодови по првите две одиграни кола.