Генерацијата родени “2006“ на фудбалскиот клуб Вардар денес го одигра второто коло во детската лига. Двете екипи на Филип Арсовски забележаа една победа и нерешен резултат.
ФК Вардар (2) играше со нерешен резултат 4:4 против екипата на Смилковци. По многу пресврти на вој натпревар, поделбата на бодовите можеби беше најреален исход на овој натпревар. Вардарци први го отворија резултатот и поведоа со 1:0 со голот на Олег Михајловски. Деконцетрација во нашата одбрана не чинеа примени голови на овој дуел. Смилковци можеше набрзина да израмни, но еден од нашите играчи исфрла од гол линијата. Противникот сепак успева да ја погоди нашата мрежа и да израмни на 1:1. Нов “кикс“ во нашата одбрана им овозможи на Смилковци повторно да ја затресат нашата мрежа и да поведат со 1:2. Избраниците на Арсовски успеваат да ја подобрат играта и до крајот на првото полувреме да направат резултатски пресврт. Најпрво Данил Ордевски успева да израмни на 2:2, додека со ремек делото на Ангел Настевски од слободен удар успеваме да поведеме со 3:2. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.
На почетокот на вториот дел успеваме да постигнеме нов гол и да го зголемиме водството на 4:2, преку Димитар Порчу. Во тие моменти изгледаше како да имаме солидно водство и дека ќе ги освоиме сите бодови на овој натпревар. Ордевски имаше можност да стави точка на овој меч, но голманот успешно брани. Сепак натпреварот добива поинаков тек и Смилковци успева да псотигне два гола. На резултат 4:3, во шанса се најде Михаил Танчев кој не успева да ја искористи. Во последните минути уште еден гол во мрежата на Мартин Ивановски за конечни 4:4. Сепак треба да се потенцираат неколкуте одлични интервенции на нашиот млад чувар, Ивановски кој успеа да спаси неколку погодоци.
Нивните соиграчи од Вардар (1) пак беа убедливи во дуелот со екипата на Шкендија од Арачиново. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 16:0. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и квалитетот кај играчите на двата тима. Црвено-црните до врв ја наполнија мрежата на противникот, а прв серијата ја започна Марко Николовски за водство од 1:0. Вториот и третиот погодок беа дело на одличниот денес Давид Голубов кој погоди за водство од 2:0 и 3:0. Вардарци имаа целосна доминација на теренот и покрај постигнатите голови имавме и голем број на шанси. Набргу зголемивме со првиот погодок во тој момент на Михаил Николов за зголемување на водството на 4:0. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Шкендија А. преку Михаил Танчев за резултат од 5:0 на полувреме.
Во второто полувреме продолживме да ја полниме противничката мрежа. Дамјан Крстевски прв погоди во вториот дел за водство од 6:0. Марко Николовски со својот втор погодок зголемува на 7:0. Шансите пред голот на Шкендија се редеа како на филмска лента. Повторно се обиде Николовски, но овој пат голманот го брани неговиот удар. Дамјан Крстевски повторно ја погодува мрежата на Шкендија за предност од 8:0. Голеадата ја прдоолжува Давид Голубов зголемувајќи на 9:0. Во средината на второто полувреме успеваме да стигнеме до двоцифрен број на погодоци, овој пат стрелаше капитенот Дарко Сековски. За водство од 11:0 погодува Михаил Танчев на асистенција на Коловски. Повторно обид на Танчев, брани голманот на Шкендија. Во листата на стрелци успева да се запише и Стефан Коловски за предност од веќе убедливи 12:0. До крјаот на мечот уште четири голови и тоа редоследно дело на Дарко Сековски, Михаил Танчев и два на Давид Голубов. Конечен резултат од 16:0 и убедлива победа на оваа екипа предводена од Филип Арсовски.