Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар поразени во дербито со Металург
Кадетките на Вардар поразени во дербито со Металург

Кадетките на Вардар поразени во дербито со Металург

Кадетска екипа на ЖРК Вардар денес  одигра дерби во лигата, во кое  ќе ја пречека екипата на ЖРК Металург. Мечот ќе се играше во спортско рекреативниот центар “Кале“.  Избраничките на Драгана Пецевска екипата на Вардар беше поразена денес со 18-30, тоа беше меч со две различни полувремиња во првото гостинките беа подобри во вториот дел се консолидиравме и бевме рамноправен партнер дури на моменти и подобар тим. Ова за нив е втор лигашки меч во првиот со 33-12 го победи тимот на Вардар Неготино .

kadetki2

Првиот дел започна неповолно за нас гостинките поведоа со резултат 1-4 на почетокот, во 7 минута клупата на црвено-црните девојки по овој резулtат повика минута одмор за консолидација. Веднаш тоа донесе гол за надеж и намаливме на 2-4. Гостинките кој се повозрасни од нашите девојки во продолжение повторно имаа повеќе од играта , тие поведоа со 4-9 во средината на полувремето. Ние успеавем со гол да ја намалиме разликата на 5-9. Следеше период во кој грешевме во нападот, а гостинките погодуваа постојано тие направија серија 1-8 и влегоа во последната минута со предност од 6-17. Неуспеавме да погодиме во последните два напада , а девојките на Металург погодија до крајот уште еднаш. На одмор се замина по крајот на првите 30 минути колку што трае дуел во оваа категорија, со резулат на семафорот во “Кале“ 6-18.

kadetki

Вториот дел почна повоторно лошо гостинките погодуваа, а ние неуsпеавме да реализираме во натправарот. Тие со серија 0-4 поведоа со 6-22, ние во 39 минута намалуваме на 7-22 преку Гроздановска Ангела. По овој гол се разбудивме постигнуваме уште три нови голови, навистина девојките заиграа како препородени намалуваме на 10-22. Одлични одбрани нареди нашата голманка Трајковска Јована,а одбрани и седмерец. Вториот дел за разлика од првиот го одигравме многу подобро , бевме почесто рамноправни. Докрајот од мечот игравме целосно рамноправно имавме одлични минути, двете екипи погодија по исти број голови до крајот , постигнаа по осум во двете мрежи. Мечот заврши со резултат 18-30. Кај нас најефикасна беше Ѓоргиевска со 4 гола, а пак Гроздановска и Миновска имаа по 3 погодоци.