Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2010 забележа две победи во детската лига
ФК Вардар генер.2010 забележа две победи во детската лига

ФК Вардар генер.2010 забележа две победи во детската лига

По еднонеделна пауза, денеска повторно се вратија возбодувањата во Детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички натпревари одиграа најмладите Вардарци, од генерацијата 2010 која ја предводи Зоран Петкоски.

x3

 Вардар генер.2010 (2) одигра дерби натпреварот со екипата на ФК Форца. Во еден многу возбудлив и изедначен натпревар, тимот на Вардар предводен од Зоран Петковски успеа да победи и да слави со резултат 2:1. Двата гола на овој дуел за нашиот тим ги постигна Петар Васовски.

 x2

Вардар (1) генер.2010 исто така одигра натпревар против тим од Скопје, противник денеска беше ФК Работнички. Овој дуел помина со многу шанси и возбудувања пред се пред голот на противникот, во првиот дел Вардар имаше многу шанси, а на полувреме замина со 1:0 со голот на Трајков Константин. Во вториот дел со гол го отвори Далибор Марковиќ за веќе дуплирање на предноста од 2:0, следуваше и нов гол за Вардар преку Матеј Чедевски од пенал за 3:0. До крајот на дуелот во листата на стрелци се запишаа, Чедевски повторно, Драган Гечев, Марио Јованов и уште еднаш Гечев за конечни 7:0.

 Честитки за денешните победи до генерацијата 2010 на Вардар.