Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Циндриќ или Павловиќ, кој ќе го реши големото финале во СЕХА
(ВИДЕО) Циндриќ или Павловиќ, кој ќе го реши големото финале во СЕХА

(ВИДЕО) Циндриќ или Павловиќ, кој ќе го реши големото финале во СЕХА

Вардар или Загреб, кој ќе го освои трофејот во СЕХА-лигата, ќе дознаеме вечерва откако ќе се одигра финалето. Двете екипи имаат свои адути за овој дуел, а медија тимот на СЕХА издвои по еден играч во двата состави, кои би можеле да бидат решавачка и важна алка во играта на денешното финале.

Кај Вардар тоа е Лука Циндриќ кој игра одлична сезона во црвено-црниот дрес. Лука во полуфиналето против Брест Мешков беше наш најефикасен играч кој постигна шест голови од седум обиди кон противничкиот гол. Кај Загреб најголемата опасност би требало да доаѓа од нивниот организатор на играта, се работи за Домагој Павловиќ кој го реши полуфиналето против Целје, кога постигна гол во последните секунди. Тој на мечот имаше вкупно седум голови од осум обиди.