Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Два нови успеси за ФК Вардар генер.2009 во детската лига
Два нови успеси за ФК Вардар генер.2009 во детската лига

Два нови успеси за ФК Вардар генер.2009 во детската лига

ФК Вардар генерација 2009 денес на ФФМ во натпреварите од Детската лига успеа да ги совлада двата свои ривали. Момците на Илија Колевски обезбедија две сигурни победи.

f2
ФК Вардар-1 лесно го совлада тимот на ФК Дрим Тим со седум гола разлика, 9-2. Овој натпревар го добивме по првиот дел кога на пауза заминавме со дури пет гола предност. Нашата мрежа остана сочувана, а погодивме пет пати па на пауза отидовме со 5-0. Вториот дел почна одлично испорачавме нови четири гола за предност со 9-0. Имаше мало опуштање во финишот кога ривалот успеа да намали на 9-1, а потоа и на 9-3. Во последната минута имаше и пенал против нас, сепак на голот успешно интервенираше Баснарков Марко кој ја острани опасноста.
За црвено-црните избраниеци на Колевски Илија стрелаа на оваа средба четири различни момци. Одличен дуел одигра Васко Папалиски кој погоди дури пет пати, два гола беа дело на Дарин Михајловски. Уште двајца момци се впишаа во листата на стрелци, станува збор за: Вито Павлов и Стојковски Јаков.

f3
ФК Вардар-2 генер.2009 со 4-0 беше подобар од ФК Албарса. Во вториот натпревар доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. Момците на Илија Колевски победата ја обезбедија рано уште во првиот дел, соминираа и погодија дури три пати. На одмор се замина со предност од 3-0. Во вториот дел само ја потврдивме со уште еден нов погодок, нашата мрежа остана “чиста“. Лука Грчевски во неколку наврати успешно интервенираше.
За нас на оваа средба стрелаа двајца момци. Три гола беа дело на Максим Павловски, а еден погодок зад своето име впиша Сулејман качман. Сите момци добија шанса и покажаа завидно ниво на квалитет на оваа средба на која дојдоа до нови бодови.