Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дури 27 гола во мрежата на ривалите од ФК Вардар генер.2007 во детската лига
Дури 27 гола во мрежата на  ривалите од ФК Вардар генер.2007 во детската лига

Дури 27 гола во мрежата на ривалите од ФК Вардар генер.2007 во детската лига

Денес момците од ФК Вардар генерација родени 2007 постигнаа дури 27 гола во мрежите на Драчево и Смилковци во средбите од детската лига.

j

Вардар (1) генер. 2007  лесно се справи со ФК Драчево во првата средба и победи со 12-0. Победата ја остваривме и најавивме уште во првиот дел кога отидовме на одмор со 4-0. Доминирвавме во целност на овој дуел. Со головите со два гола на Стефан Младеновски, еден на Битиќи и еден на Поповски Мичо заминавме на пауза со 4-0. Во вториот дел постигнавме двојно повеќе голови односно уште осум. Победата на крајот беше изразена со високи 12-0 на оваа средба. Во првиот дел бранеше одлично Лука Јаневски кој не прими ниту еден гол, тој во вториот дел играше и асисистираше. Во второто полувреме на голот одличен беше и Антонио Пишовски кој исто така имаше “чиста мрежа“.

Интересен е фактот колку стрелци имавме овие дванаесет гола беа поделени на шест момци, сите успеаа по двапати да ја тресат мрежата на ривалот на овој дуел. Погодија по два пати за нас во оваа победа следните момци: Битиќи Јулијан, Стефан Младеновски, Александар Грашески, Поповски Мичо, Радевски Златко и Емир Шаботиќ.

j2

ФК Вардар-2 со високи 15-0 го совлада тимот на ФК Смиљковци. Тргнавме офанзивно први прилики имаа Филип Смилков и Петар Мицевски кои не ги претворија во погодок. Конечно погодивме преку Михаел Јордановски за 1-0. На 2-0 зголеми Лео Манчев по асистенција на Лука Рајчин. На сцена стапи Војо Стојановски кој по асистенции на Петар Котевски и Лео Манчев погоди за 3-0 и потоа и за 4-0. Доминиравме па до крајот на првиот дел погодивме уште во две прилики, на одмор заминавме со високи 6-0. Никола Јовановски и Димитар Фидановски стрелаа за црвено-црните. Мрежата на Даниел Исајловски остана ‘чиста“ во првиот дел.

Во вториот дел бранеше  Јовица Спасевски кој исто така успеа да остане несовладан денес.  Димитар Фидановски стапи на сцена двапати по корнер стрелаше, за 7-0 и потоа и за 8-0 со глава доста ефектно. Доминиравме во поле целосно, игравме од нога до нога и перфектно го водевме овој дуел. Со головите на Иван Блажевски, Филип Смиљков и Михаил Јордановски успеавме да отидеме на неверојатно високи 11-0. Во игра повторно се врати Котевски Петар кој имаше свои минути, тој врза двва погодока едно по друго за 12-0 и 13-0. Добивме пенал, топката ја зема Лука Рајчин одлично го изведе ударот и погоди под греда за 14-0.  Печат на триумфот стави Војо Стојановски со неговиот трет гол денес, кога ги постави конечните 15-0 на оваа среба.