Помладите пионери на убедлив начин ја победија екипата на Брегалница, во рамките на 20.првенствено коло. Утрово на теренот на Академијата избраниците на Деспотовски ја прегазија екипата на Брегалница, високо со резултат 9:0.
Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски (c), Јовановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давков, Стојчевски, Тасевски, Давидовски, Мирков, Живков, Стојановски.
Вардарци уште во првите минути од мечот успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0 со голот на Антонио Мирков откако нашиот крилен играч доби топка од средината на теренот од Давков, се ослободи од еден противнички играч речиси ја претрча цела половина на Брегалница, стигна до голот и погоди за водство на црвено-црните. Целосна доминација за избраниците на Деспотовски на денешниот дуел, а противникот од Штип не беше ни одблиску рамноправен тим на теренот. Имавме нова голема прилика да го зголемиме резултатот кога Мирков додаде до Живков, овој немаше среќа и ја погоди само пречката од голот. Најубавиот гол на денешниот дуел беше дело на левиот бек Грегори Давков кој од слободен удар од повеќе од 25 метри успеа да го „матира“ противничкиот голман и да му донесе предност на Вардар од 2:0, голманот на
Брегалница не се ни обиде да интервенира и само ја проследи топката во неговата мрежа. Не застанавме со офанзивната игра, нашите момци притискаа константно на противничката половина, не давајќи им на Брегалница ниту да упат директен удар кон нашиот гол, а Лука Стојковски речиси немаше никаква работа на овој меч. Во следните акции имавме прилики преку Стојановски, но во двата обиди шутира над голот. Сепак Георг Стојановски е следниот играч кој се запиша во листата на стрелци, откако Мирков умешно додаде до Гео, овој немаше проблеми од прва да бие и да ја погоди мрежата, за веќе солидно водство од 3:0. Прва принудна измена направи нашиот тренер, од игра повлечен Тасевски, на негово место е Лео Андрески. Во листата на стрелци се запишува и денес одличниот Славче Живков, кој погоди за 4:0.
На голот претходеше директен удар од Давков кој се обиде од прекин да изненади, голманот одбрани, но одбиената топка стигна до Живков кој немаше проблем да погоди за водство од 4:0. Се редеа шансите кон голот на Брегалница, едноставно се играше „викторија“ пред гостинскиот гол. Со својот втор гол денес, Георг Стојановски успеа да зголеми на веќе 5:0, откако му асистираше Андрески. Голема прилика во следните минути имаше токму Андрески, кој од само неколку метри, после додадена топка од Живков, ја погоди пречката од голот. До крајот на првиот дел, втор гол денес и за Живков, кој погоди за предност од 6:0, а во улога на асистент се најде Гео.
Во второто полувреме неколку измени во нашиот состав. Во игра влегоа Ѓорѓиевски, Марковски, Трпезеновски и Саит. Првиот директен удар во овој дел од мечот го упати Живков, откако од десната страна нафрли Трпезановски, сепак голманот ја скроти топката. Удар имаше и Андрески, но одбрани голманот. Во игр го видовме и Исмаиљи, додека црвено-црните со нова закана кон голот на Брегалница и тоа од корнер нафрлена топка, во противничкиот шеснаесетник највисок беше Ѓорѓоски кој бие со глава, но безопасно. Во последните десет минути од мечот видовме уште три гола во мрежата на штипјани.
Гол шоу ново на Стојановски Георг кој зголеми најпрво на 7:0, а после само три минути и на 8:0, откако топка му даде Стојчевски. Конечните 9:0 на овој дуел беа дело на Алек Саит, за висока победа на вардарци на овој меч од 20.кола на помлата-пионерска супер лига.