ФК Вардар генерација родени 2010 денес одиграа два меча од детската лига, во едниот момците на Илија Колевски дојдоа до победа во другиот одиграа реми.
ФК Вардар-1 високо го совлада тимот на Њу Старс со двоцифрена предност, 10-0. На оваа средба тргнавме офанзивно и победата ја најавивме уште на почетокот кога во првиот дел заминавме со предност од три погодоци. Еден беше дело на Ристиќ Стефан, а пак два ги постигна денес одличниот Марковиќ Далибор. Последна шанса во првиот дел за четврти гол имаше Илиќ Дарио, сепак на одмор заминавме со резултат 3-0 за црвено-црните.
Вториот дел го започнавме со прилика за црвено-црните на Ристиќ Стефан, противникот се закани сепак на нашиот гол Божиновски Огнене беше на висина на задачата. Следеше гол-шоу на Марковиќ Далибор.Тој “бомбардираше“ дури четири пати по ред па со неговите голови поведовме со 7-0. Потоа Ристиќ кој доби од Марковиќ асистенција зголеми на 8-0. Голот за предност со девет гола (9-0) го постигна Филип Наумовски со удар со лева нога од средината на теренот погодувајќи ефектно. Марковиќ Далибор го постигна голот за 10-0 резултат со кој се оконча оваа средба. Потоа имавме прилики преку: Огнен Сивевски, Гечев Драган и Матеј Чедевски кои не ги претворивме во погодок.
ФК Вардар-2 одигра возбудливо реми 1-1 (0-0) со тимот на Шкупи. Тргнавме офанзивно, први две прилики имаа Лука Пацевски и Благојче Седлоски кои не ги претворија во гол. Се играше тврдо и со доста дуели, двата тима имаа прилики. При обидите на сино-белите на нашиот гол одличен беше Огнен Божиновски, голманот кој донесе квалитет плус на тимот. Ние се обидовме двапати преку Васоски Петар и Лозанов Давид. Сепак на одмор заминавме со почетните 0-0.
Вtрориот дел започна како и првиот со два обида на денес енергичните Лука Пацевски и Благојче Седлоски кои не успеаа да погодат. Конечно го скршивме отпорот на Шкупи, по ассистеција на Лозанов ефективно по земја погоди Седлоски за предност со 1-0. Имавме прилики за гол потоа кои не ги искористивме, на нашиот гол повторно Божиновски блескаше. Противникот по една корна погоди за 1-1, резултат кој потоа се покажа како конечен.