Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар ја „потопија“ Брегалница, избраниците на Кралевски сигурно чекорат кон шампионската титула
Пионерите на Вардар ја „потопија“ Брегалница, избраниците на Кралевски сигурно чекорат кон шампионската титула

Пионерите на Вардар ја „потопија“ Брегалница, избраниците на Кралевски сигурно чекорат кон шампионската титула

Пионерите на ФК Вардар успеаа да забележат триумф, на меч од 20.коло во рамките на пионерската лига. На теренот на Академијата, црвено-црните ја победија Брегалница со резултат 7:1.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Петејчук, Крстевски, Костовски, Асани, Гугуљанов, Хасани, Величковиќ, Салиу, Фазлиу, Омерагиќ (c).

Вардар имаше поголем дел од играта во првото полувреме, во кое се стекна во водство од 2:1. Првите удари кон противничкиот гол ги имаа Фазлиу и Салиу кои шутираа над голот. Црвено-црните успеваа да стигнат до предност во својата прва поконкретна прилика, откако Салиу прецизно биеше в долниот лев голмански агол, за предност на Вардар од 1:0. Продолживме да напаѓаме, повторно Фисник Салиу во шанса, овој пат од тешка позиција откако Фазлиу нафрли топка, но биеше само покрај голот. Капитенот Азер Омерагиќ успева да се запише во листата на стрелци и да зголеми на 2:0, откако подзаспа гостинската одбрана, тоа го користиме и го зголемуваме водството.

1

Брегалница можеше многу бргу да врати, после еден кикс на нашата дефанзивна линија, во прилика се најде еден од противничките играчи, но за наша среќа одбрани Величковски. Пред гостите од Штип да го намалат реззултатот обид имаше Хасани, кој шутира покрај гол, додека Брегалница во следната акција од левата страна успева да го совлада нашиот голман и да го намали резултатот на 2:1, кој беше актуелен на полувреме.

Први измени кај Вардар на стартот на вториот дел, во игра се Трајановски и Ѓурковски, на местото на Фазлиу и Костовски. Црвено-црните не пропуштија ништо на случајноста беа надмоќни во вториот дел, па успеаа да постигнат нови пет голови во мрежата на противникот.

2

Фисник Салиу повторно во слична акција како при постигнување на првиот гол, повторно успева да се запише во листата на стрелци, откако бие силно по земја, голманот на Брегалница немаше шанса за интервенција, па зголемуваме на 3:1. Пред да постигнеме нов гол се обиде Омерагиќ кој бие со глава, но одбрани голманот, додека истиов играч успева во следната минута да го постигне својот втор гол денес и да зголеми на 4:1. Во игра ги видовме уште и Симев, Исени и Демири. Гостинската екипа речиис и да не се закани во овој дел од мечот, па немаа ниту една посериозна прилика кон нашиот гол.

3

До хет-трик на денешниот дуел стигна капитенот Омерагиќ, кој повторно се наоѓа на вистинското место и погодува за зголемување на 5:1. Нова одлична акција направи Вардар, која со гол ја круниса нововлезениот Ринор Исени, кој му донесе водство на својот тим од 6:1, додека во последните минути од дуелот со својот четврт гол денес, Омерагиќ ги постави конечните 7:1 на овој дуел од пионерската супер лига.

Вардар се уште го држи врвот со солидна предност пред најголемите конкуренти. Нашите млади надежи имаат шест бода повеќе од екипата на А.Пандев и дури девет повеќе од Работнички ( меч помалку) и Шкендија кои беа поразени во ова 20.коло.