Во текот на вчерашниот ден гостин на фудбалскиот клуб Вардар беше екипата на Национал од Софија. Тие одиграа пријателски натпревари со Вардаровите генерации родени “2003“, “2005“ и “2007“ година.
Ккао што претходно известивме избраниците на Томче Трајановски, генерацијата “2003“ забележа убедлива победа против своите врници од Бугарија со убедлив резултат од 9:1. По три гола на овој меч постигнаа Дарио Јовановски и Дарко Младеновиќ, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Антонио Мирков, Георг Стојановски и Петре Тасевски. Шанса за настап доби и Георг кој во детската лига игра за генерацијата родени “2004“ година.
Контролен натпревар против истава генерација на Национал одиграа и нашите млади надежи родени “2005“ година. Тие одиграа со нерешен резултат против врсниците од Национал (3:3). Два гола на овој натпревар беа дело на Горјан Цветков, додека еден гол постигна и Никола Величковски. Вардарци испуштија шанса за победа, со оглед дека промашија два удари од белата точка.
Победа пак забележаа Вардарци од генерација “2007“ против екипата на Национал. Резултатот на овој дуел гласеше 2:1. Двата гола за црвено-црните беа дело на Борјан Томовски.