Вчера на програмата беше четвртото пролетно или вкупно деветтото коло во македонската кугларска лига. Вардарци во ова коло играа со екипата на КК 18-ти Август и дојдоа иако малку тешко да првата победа во 2017 година во мак.куглањето. Покрај победа на сениорите и јуниорите беа одлични тие забележаа трета победа од исто толку мечеви на кои настапија оваа сезона.
Првотимците на црвено-црните однесоа победа на ова гостување со 2:6. Во сетови триумфиравме 10:14, апак домаќинот имаше вкупно 3163 “соборени дрва“, а избраниците на Драги Димитровски забележаа 3234. Нашиот “дијамант“ Димитар Димитровски беше кај нас најдобар соборуавајќи 566 “дрва“, на позицијата два беше Младен Донковски кој покажа дека може да се смета на него кога е најтешко. Младиот Донковски впиша зад своето име 563 “дрва“. Одличен вчера беше Згонц, неговата игра беше за пофалба тој со 546 беше трети во нашиот тим. четврти скор имаше Бране Митиќ 533, петти скор имаше Поп Крстев 521 и 501 “соборено дрво“ забележаа Миле Димовски и неговата замена Коста Ристевски.
Во третиот меч оваа година за нив јуниорите на црвено-црните повторно доминираат. Младите пулени на Драги Димитровски се сретнаа со своте врсници од 18-ти Август пред мечот на сениорите. Нашите момци дојдоа до победа со 0:4 на овој меч. Односно со резултат 1:7 во сетови. Домаќините имаа соборено 566 “дрва“ апак нашите момци отидоа досега на најдобар скор личен нивни на бројката 681 “чуња“. Настапија Мартин Митиќ кој впиша 241 него го замени Костадиновски на последната патека тој впиша 87, одличен беше Љубчо Митиќ кој одигра феноменално и собори 351 “дрво“.