Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ за Вардар Фанс: Задоволен сум од формата на нашата екипа, добро работевме, физички сме подготвени
Којашевиќ за Вардар Фанс: Задоволен сум од формата на нашата екипа, добро работевме, физички сме подготвени

Којашевиќ за Вардар Фанс: Задоволен сум од формата на нашата екипа, добро работевме, физички сме подготвени

Вардарци денеска ќе го одиграат првото пролетно коло во ПМФЛ, противник на нашиот тим ќе биде тимот на Шкупи. “Вардар Фанс” пред почетокот на пролетниот дел разговараше со еден од нашите најдобри играчи Којашевиќ, кој за нашиот сајт изјави:

Зад вас се подготовките во Анталија, како сте задоволни од истите, дали си задоволен од својата моментална форма?
- Задоволен сум од формата на нашата екипа, добро работевме, физички сме подготвени. Што се однесува до мојата форма, оди на подобро, денеска ќе покажам дека сум во одлична форма.

Ве очекува меч со Шкупи, што очекувате од него во кој ќе влезете без поддршка од трибините?
- Да, не чека тешок меч против Шкупи. Овој противник е тежок, одигравме два натпревари реми досега, но се надевам дека денеска ќе победиме. Знам дека играме без публика, но мораме да дадеме се од себе и да победиме на овој натпревар.

Дали размислувате за следниот меч со Шкендија, кој е многу важен за вас?
- Секако дека мислиме на Шкендија, но најпрвин размислуваме за денешниот натпревар. Они ни се единствени конкуренти за титулата, но се надевам дека со нашата добра форма нема да имаме проблеми.

Димитар Гогов