Денес на терените на ФФМ, ново коло во детската фудбалска лига одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2008„ година. Избраниците на Миле Крстев стигнаа до две нови убедливи победи.
Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Беса. Црвено-црните славеа голема победа, изразена со резултат 21:0. Самиот резултат говори за одразот на силите и за квалитетот на двете екипи. Покрај постигнатите голови имаме уште неколку добри шанси за уште поголема победа. По 6 голови на овој дуел постигнаа Арти Азизи и Ненад Дамјаноски. Стефан Бранковски и гоманот Лука Грчевски ( сите од пенал) дадоа по четири голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Иван Ташовски со два гола, како и Матео Кесиќ кој постигна еден гол.
До убедлива победа стигна и Вардар (2) кој ја совлада екипата на Фортуна, со резултат 8:2. Уште во првите минути од мечот успеваме да го отвориме резултатот, кога противничката мрежа ја погоди Петар Блажевски за водство од 1:0. На голот претходеше акција во која биеше Павел Андо,одбрани противничкиот голман, но на одбиената топка стигна Блажевски кој ја смести во мрежата. Фортуна имаше прилика да го израмни резултатот, но еден од нивните играчи ја погоди пречката, а во следните минути пенал одбрани нашиот голман, Дарко Јовчев. Се обиде Петар Јаковлевски кој од прекин биеше покрај противничкиот гол. Сепак, Фортуна постигна гол и го иззрамни резултатот на 1:1. Избраниците на Крстев за брзо време успеаа да ја вратат предноста и да поведат со 2:1, откако Киш нафрли, топката стигна до Јаковлевски кој со глава ја смести топката во мрежата. Вардарци доминираа на теренот и често создаваа прилики за погодок. Следен кој се обиде беше Бојан Пешов, но одбрани голманот на Фортуна, а во шанса се најде и Матеј Киш кој од прекин биеше покрај голот. Избраниците на Крстев успеваат да го зголемат резултатот на 3:1 со голот на Илија Митаноски, додека до крајот на првиот дел го зголемивме резултатот на 4:1 со голот на Бојан Пешов.
Во второто полувреме исто така бевме доминантни, а во листата на стрелци се запиша и Коста Бошковски, кој го зголеми водството на 5:1. Следеше убав гол на мечот, дело на Петар Блажевски кој од голема далечина успеа да ја погоди мрежата и да зголеми на 6:1. Во прилика се најде и Митаноски, но одбрани голманот на Фортуна, а добри одбрани имаше и нашиот голман, Дарко Јовчев. Екипата на Фортуна стигна и до втор гол на мечот и намали на 6:2. Најубавиот гол на овој дуел го постигна Матеј Киш, кој од прекин постигна маестрален гол, за предност од 7:2.
На денешниот дел во листата на стрелци доби можност да се запише и голманот Дарко Јовчев, кој погоди од белата точка, откако противникот направи три корни. Јовчев биеше силно, погоди за 8:2. До крајот на мечот се обиде и Андов но одбрани голманот. На крајот конечни 8:2 во корист на Вардар.