Кадетите на ФК Вардар доживеаа нов незгоден пораз и тоа повторно на домашен терен. Победа од Прилеп го забележа првиот триумф сезонава и тоа токму во дуел со екипата на Вардар.
Тренерот Таневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов (c), Бојковски, Т.Мирчевски, Ѓурковски, В.Мирчевски, Зендели, Андоновски, Митревски, Ристовски, Цури, Хасановиќ
Филип Андоновски беше играчот кој прв се ззакани кон противничкиот гол, шутираше но одбрани голманот на Победа. Набргу стигна и отварање на резултатот, Малик Хасановиќ доби употреблива топка во противничкиот шеснаесетник, добро ја прими топка и со освртување успеа да погоди за предност на црвено-црните од 1:0. Сепак тоа беше се што успеавме да видиме од нашите кадети на овој дуел. Директен прв удар за прилепчани и тоа од прекин, но одбрани нашиот голман, Матеј Андов. Се обиде повторно Андоновски кај Вардар, но шутира над голот. Во следните минути, гостинската екипа успеа да постигне гол и да го израмни резултататот на 1:1. До крајот на првото полувреме се обидовме преку Хаснаовиќ кој бие над гол, потоа Митревски кој од 25 метри шутира, но брани голманот на Победа, како и обидот на Цури, кој заврши во рацете на голманот. Се закани и противничкиот тим, но во двата наврати одбрани Матеј Андов. На полувреме ниту една од екипите немаа водство, па на одмор се замина со резултат 1:1.
Студен “туш“ за Вардар на стартот од вториот дел. За само две минути екипата од Прилеп успеа да постигне два гола и да поведе со 1:3. Измени во второто полувреме. Во игра влезе Мартин Спировски на местото на Т.Мирчевски, како и Рушити, кој го замени Андоновски. Имавме шанси преку Митревски кој со глава бие над голот, како и преку Хасановиќ, но резултатот остана 1:3 во корист на Победа. Нови измени направи тренерот Таневски, во игра влегоа и Попоски и Миленковски. Во последните минути од натпреварот, Давид Ристовски успеа да постигне одличен гол од слободен удар и да го намали резултатот на 2:3. Сепак за жал немаше многу време за нов погодок, па судијата отсвири крај на натпреварот.
Кадетите на Вардар остануваат со 9 освоени бодови, оваа генерација после 8 одиграни кола има 3 победи и 5 порази.