Две младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден одиграа контролни натпревари.
На теренот во населбата Аеродром, младинците на Вардар предводени од Филип Деспотовски имаа успешна контрола против екипата на Шкупи. Црвено-црните беа голгетерски расположени и славеа со резултат 5:1. Азер Омерагиќ беше играчот кој беше стрелец на два гола, додека по еден постигнаа Апостол Ангелковски, Александар Ѓурковски и Иван Мицевски.
Вардар: Андов, Зендели, Рушити, Мицевски, Манасиевски, Ѓурковски, Трајановски, Цури, Хасановиќ, Спировски, Омерагиќ.
На теренот на Академијата, генерацијата 2006 на Вардар одигра пријателски меч против врсниците од Шкупи. Избраниците на Филип Спасески триумфираа на овој дуел, убедливо со резултат 3:0. Алтин Алији постигна два гола, додека еден беше дело на Марко Николовски.
Вардар: Данстак, Ајетовиќ, Порчу, Јанкоски, Николов, Миовски, Нуредини, Величковски, Николовски, Алији, Динов.
Во игра во второто полувреме влегоа тројца играчи кои се генерација 2007. Се работи за Грашески, Томовски и Спасовски, кои внесоа свежина во играта на вардарци.