Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона од ЕХФ ги објавија најдобрите 12 трансфери.
Играчот кој помина седум години во Вардар со кој освои и две Европски титули и уште голем број на трофеи, Игор Карачиќ е трансферот број еден за новата сезона. Неговото преминување од Вардар во Киелце, според ЕХФ е прогласено за најдобар трансфер.
Уште двајца довчерашни играчи на Вардар се најдоа во ТОП-12 листата. Се работи за Мораес Фереира и Вуко Борозан, кои исто така потпишаа за Веспрем. Вака изгледа листата на најдобри транфери за ова лето.
1.Игор Карачиќ (Вардар – Киелце)
2.Расмус Лауге ( Флензбург – Веспрем)
3.Лука Циндриќ ( Киелце – Барселона)
4.Рожерио Мораес ( Вардар – Веспрем)
5.Роланд Миклер ( Веспрем – Пик Сегед)
6.Гудјон Валур Сигурдсон ( РНЛ – ПСЖ)
7.Вуко Борозан ( Вардар – Веспрем)
8.Владимир Чупара ( Келце – Веспрем)
9.Винсент Жерард ( Монпеље – ПСЖ)
10.Лука Степанчиќ ( ПСЖ – Пик Сегед)
11.Андреас Волф ( Кил – Келце)
12.Константин Игропуло ( Мешков Брест – Висла Плоцк)
Најдобрите 12 трансфери за ова лето, погледнете ги на линкот, ТУКА.