Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Среќен роденден Стаменкова Теодора
Среќен роденден  Стаменкова Теодора

Среќен роденден Стаменкова Теодора

Денес својот 16-ти роденден го прославува бекот на ЖРК Вардар, младата и талентирана Теодора Стаменкова. Станува збор за играч кој допрва треба да го каже „главниот збор“, пред кој  доколку се наредат коцките е одлична ракометна иднина. Таа располага со голема храброст при одлуката да бие кон противничкиот гол, испраќајќи луциден удар кон голманот на ривалите.

143-2

Теодора беше дел од тимот кој дојде оваа сезона во топ-3 сегментите во младинската конкуренција и Супер лигата. Добиваше помалку шанси, но пред неа е долг пат на кој треба да се очекува да блесне во даден момент. Беше дел од поширокиот список за кадетската репрезентација, каде го мина првото кратење и ги одработи подготовките и тест-дуелите, се до заминувањето во Италија на селекцијата.

Среќен роденден Теодора Стаменкова.