Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Slider > Борац е прв тест за „новиот“ Вардар, денес започнува турнирот во Требиње
Борац е прв тест за „новиот“ Вардар, денес започнува турнирот во Требиње

Борац е прв тест за „новиот“ Вардар, денес започнува турнирот во Требиње

Денес со почеток од 15:00, Европскиот ракометен Шампион ќе го одигра првиот свој натпревар во подготвителнот период.

Од денес стартува турнирот во Требиње, место на кое вардарци ги одработуваат главните подготовки пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Прв противник за црвено-црните ќе биде екипата на Борац од Бања Лука. Во 21:00 часот ќе одиграме уште еден дуел, против тимот на Леотар, кој доаѓа исто така од БиХ. Доколку ги победиме двата меча, на кои сме големи фаворити, во недела ќе играме во големото финале на овој турнир. Нема најава од организаторот за следење на мечевите преку стрим.

Првите мечеви во дресот на Вардар ќе ги имаат сите нови засилувања за новата сезона. Се работи за Димитар Димитриоски, Павел Атман, Жозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко. Деби на клупата ќе има и новиот тренер, Давид Писонеро.