Европскиот првак Вардар го победи Борац од Бања Лука 34:30 (18:12) во првиот подготвителен меч, кој исто така го означи почетокот и на вториот меѓународен турнир во Требиње.
„Црвено-црните“ уште по првиот дел имаа шест голови предност против Борац, а во вториот дел шанса добија и останатите ракометари, бидејќи Вардарци вечерва ги очекува уште еден дуел на овој турнир против домаќинот. Сите новајлии се запишаа во листата на стрелците, без нашиот нов голман и Димитриоски.
ВАРДАР: Кукуловски 1, Криштопанс 2, Пелко 4, Дисингер 2, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3.