Овогодинешната сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува утре, нашиот Вардар го игра првото коло во недела. Денес се извлекоа и паровите од првото коло на најмасовното фудбалско натпреварување во нашата држава, Купот на Република Македонија. Црвено-црните го дознаа својот ривал.
Вардар ќе се соочи со тимот од Македонска Каменица, екипата која игра во втората лига, тоа е Саса. Првите натпревари ќе се одиграат на 21 август.
Прво коло од Купот на Македонија:
Охрид – Беласица
Фортуна – Силекс
Кожув – Ренова
Кравари – Лабуништа
Саса – Вардар
Кит-Го – Пелистер
Црнилиште – Брегалница
Локомотива – Струга
Велазерими – Работнички
Љуботен – Тиквеш
Превалец – Борец
Осогово – Победа
Гостивар – Шкендија
Тетекс – Шкупи
Слободни во првото коло ќе бидат минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Академија Пандев.