Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар го победи Леотар и ќе игра во финалето на турнирот во Требиње
Вардар го победи Леотар и ќе игра во финалето на турнирот во Требиње

Вардар го победи Леотар и ќе игра во финалето на турнирот во Требиње

Европскиот ракометен шампион ќе игра во финалето на турнирот во Требиње. Вечерва момците на Давид Писонеро стигнаа и до втората победа, совладувајќи ја екипата на Леотар.

2

Вардарци во целост ја оправдаа фаворитската улога и на овој натпревар, на кој немаа големи проблеми да го совладаат противникот. Уште по првото полувреме имавме висока предност од 17:8, која ни дозволи комотно да го одиграме и вториот дел од овој меч. Во вторите 30 минути само ја зголемувавме предноста, не дозволувајќи многу на противникот да се изнаигра. На крајот славевме убедливо со резултат 38:18. Шанса за настап добија сите ракометари, додека најголем дел од нив се запишаа и во листата на стрелци, со исклучок на голманите.

1 4

Најефикасен беше Дибиров со 8 голови, Чупиќ имаше 5, додека Атман и Горпишин постигнаа по 5 голови. Утре немаме натпревари, додека финалето е закажано за во недела, противникот ќе биде познат по одигрување на мечевите од другата група.