Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за момците на „Чунга Лунга“, генерација 2007 продолжува да ги „гази„ противниците
Убедливи победи за момците на „Чунга Лунга“, генерација 2007 продолжува да ги „гази„ противниците

Убедливи победи за момците на „Чунга Лунга“, генерација 2007 продолжува да ги „гази„ противниците

Генерацијата 2007 на ФК Вардар предводена од Горан Петрески одигра ново коло во детската ига, во кое забележа две победи

Вардар (1) убедливо го победи тимот на Драчево Јуниор, со резултат 15:0. Уште во првата минута од мечот успеавме да ја затресеме противничката мрежа, со голот на Борјан Томовски за 1:0. Обиди имаа Киш и Младеновски, во иста акција, одбрани противничкиот голман. Имавме целосна доминација на овој меч, шансите постојано се редеа пред противничкиот гол, едноставно противникот беше немоќен на овој дуел. Следните два гола на дуелот беа за Стефан Младеновски, со кои го зголемивме резултатот на 3:0. Во листата на стрелци се запиша и Александар Грашески, кој бие на прва, после додадена топка од Томовски, веќе имавме водство од 4:0. Голема прилика имаше Младеновски, откако асистираше Фидановски, биеше Младеновски но одбрани голманот. Нов играч кај Вардар успева да постигне гол, тоа беше Марко Киш, кој погоди на нафрлена топка од корнер, за предност од 5:0. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола. Откако Киш биеше, а интервенираше голманот, одбиената топка стигна до Младеновски кој ја смести во мрежата за 6:0, додека истиов играч погодува и со глава, после нафрлена топка на Грашески, за на полувреме да имаме водство од 7:0.

1 2 3 4 5

Првиот обид во второто полувреме го имаше Фидановски, кој биеше, но одбрани голманот. Александар Грашески е играчот кој погодува за 8:0, во акција во која тој најпрво биеше во стативата, топката стигна до Киш, одбрани голманот, а на одбиената стигна Грашески кој стрела. Стефан Младеновски постигна два нови голови, со кои веќе бевме во предност од 10:0.Во листата на стрелци успева да се запише и Фидановски за водство од 11:0, додека до крајот на првото полувреме постигнавме уште четири нови голови. Истите беа дело на Младеновски, Томовски, и два за Грашески, за конечни 15:0 на овој дуел од детската лига.

Вардар (2) исто така забележа победа во дуелот со екипата на Албарса (2). На овој меч високо триумфиравме со резултат 7:0. Пред да го отвориме резултатот, имавме обиди преку Јорданоски, Поповски и Јовановски, но немаше реализација. Резултатот го отвори Михаил Јорданоски кој погоди за 1:0, откако успешно асистираше Јорданоски. До крајот на првото полувреме имавме уште една прилика, се обиде Блажевски, но резултатот остана непроменет.

7 8

Избраниците на Горан Петрески доминираа и во второто полувреме, во кое постигнаа шест голови. Иван Блажевски беше играчот кој го зголеми резултатот на 2:0, додека со својот прв гол, Михаил Јорданоски зголеми на 3:0, по успешно додавање на Блажевски. Шансите пред голот на Албарса се редеа постојано, а со својот втор гол, Блажевски Иван му донесе предност на Вардар од 4:0, овој пат по асистенција на Јорданоски. Во листата на стрелци се запишува нов играч, се работи за Матеј Димчевски кој зголеми на 5:0, додека истиов играч имаше уште една прилика, кога ја погоди пречката од голот на Албарса. До крајот на дуелот, паднаа уште два гола во противничката мрежа, истите беа дело на Михаил Јорданоски и Мичо Поповски, за конечни 7:0 на овој дуел.