Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар поразени од екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 7.коло од младинската лига
Младинците на ФК Вардар поразени од екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 7.коло од младинската лига

Младинците на ФК Вардар поразени од екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 7.коло од младинската лига

Младинците на ФК Вардар претрпеа пораз во рамките на 7.коло од младинската лига. На теренот во населбата Јане Сандански, екипата на Македонија Ѓ.П славеше триумф со резултат 1:3

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Трајановски, Ристовски, Цури, Демири

Младинците на Вардар го имаа првиот обид кон противничкиот гол, Берат Зендели сакајќи да центрира, топката заврши над голот на противникот. Екипата на Македонија Ѓ.П имаше два обиди. Во првиот обид нафрлија топка од десната страна, еден од нивните играчи со глава бие крај голот на Андов, додека во вториот обид топката оди крај голот. Гостинската екипа имаше сериозна прилика да го загрози нашиот гол, во контра-напад се создаде опасна акција за противникот, но Андов успешно одбрани. Кај Вардар, обид имаше Давид Ристовски кој шутира над голот. Во последната минута од првиот дел, екипата на Македонија Ѓ.П ја затресе нашата мрежа и поведе со 0:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

1 3 4

На стартот од второто полувреме, тренерот Деспотовски направи две измени и во игра ги внесе Рушити и Исени. Токму нововлезениот Рушити имаше прилика, кога шутираше, но одбрани голманот на гостинскиот тим. Не се променија многу работите во второто полувреме за екипата на Вардар, за разлика од Македонија Ѓ.П која постигна два нови голови и зголемија на 0:3. Поранешниот стратег во Академијата на Вардар, сегашен тренер на Македонија Ѓ.П, Ане Андовски одлично ја постави екипата, која на крајот резултираше со освојување на три бодови. Мала надеж за Вардар донесе Малик Хасановиќ, кој успева да постигне гол и да го намали резултатот на 1:3. Во игра кај Вардар влезе и Ацоски. До крајот на мечот немаше големи возбудувања, Македонија Ѓ.П славеше триумф со резултат 1:3.