Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар стигнаа до нова победа во лигата, Македонија Ѓ.П потклекна во вториот дел
Кадетите на ФК Вардар стигнаа до нова победа во лигата, Македонија Ѓ.П потклекна во вториот дел

Кадетите на ФК Вардар стигнаа до нова победа во лигата, Македонија Ѓ.П потклекна во вториот дел

Кадетите на Вардар денес го пречекаа тимот на Македонија ЃП. Момците на Филип Деспотоски на денешниот дуел дојдоа до победа. Тие мечот го добија во вториот дел , победата дојде со резултат 4-0 (0-0).

Вардар: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Салиу, Крстевски, Ѓурковски, Гугуљанов, Омерагиќ, Речица, Асани, Игнатов, Петејчук.

Мечот започна со мирна игра, двата тима на почетокот ги испитуваа силите. Прва прилика имаше ривалот кој шутна крај гол. Азер Омерагиќ се обиде со глава, голманот на Македонија одбрани под гредата. Вардар имаше повеќе од играта, создаваше прилики поради големиот посед, ривалот беше ориениран на одбрана. Харбин Речица имаше две шанси за црвено-црниот тим потоа, во двете неуспеа да ја затресе мрежата на ривалот. Игнатов Леонид се обиде со удар од 20.метра, топката мина над гредата. Македонија Ѓорче Петров беше решена да ги брани почетните 0-0 со дефаназивна игра, тие беа оренирани на сочувување на сопствениот гол во овој период од мечот.  Вардарци постојано притискаа, имаа повеќе од играта поселедна прилика во првиот дел за отварање на резултатот имаше Азер Омерагиќ. Тој од непосредба близина шутираше силно, но за жал заминавме на одмор со почетните 0-0.

1 2 3 4

Вториот дел започна со теренска инцијатива на тим, по само 4.минути создадовме голема шанса. Хасани го замени Асани на почетокот од овој период во нашиот состав.  Азер Омерагиќ доби корисна топка од Петејчук, шутна силно по земја топката заврши во стативата и се врати во поле. Крстевски Виктор потоа шутна од 20.метра, топката мина крај голот на Станковски Марко.  Конечно дојде голот, во 53.минута, Речица шутна силно по земја за наша предност 1-0.  По погодокот ние имавме повеќе од играта на оваа средба, тимот во црвено-жолто како и првиот период беше решен да игра дефанзивно. Радуловиќ-Величковиќ речиси од средината на теренот одлично го пронајде Омерагиќ пред голот, прекасната асистенција беше наградена со гол за предност со 2-0. Фазлиу потоа влезе во игра, Речица му го остапи своето место во тимот. Обид за трет погодок имаше Атам Фазлиу чии удар мина крај гол конструкцијата.  Нововлезениот Шабани  кој го замени Петејчук, даде одлична асистенција до Игнатов кој погоди за 3-0. Деспотовски  ја изврши и последната измена, Јовчев го замени на нашиот гол Величковски. Фисник Салиу и Шабани имаа големи шанси да стават точка на оваа средба со нов погодок, нивните удари за малку не завршија зад грбот на противничкиот голман.  Омерагиќ кој денес играше одлично, погоди за високи 4-0 пред самиот финиш на мечот.