Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Мириса на титула, ЖКК Вардар убедлив во дербито со Бадел
Мириса на титула, ЖКК Вардар убедлив во дербито со Бадел

Мириса на титула, ЖКК Вардар убедлив во дербито со Бадел

Сеуште е доста рано, само второ коло во женската кошаркарска Прва лига, но сигналите околу одбраната на титулата за вардарки се позитивни. Вчера одигравме дерби со единствениот конкурент за пехарот и додјовме до висока победа.

ЖКК  Вардар во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ ја пречека екипата на Бадел 1862 тимот кој е единствен конкурент за пехар и оваа година. Против тимот кој лани по долго владеење го „детронизиравме“ одигравме одличен меч. Доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра и дојдовме до она што највеќе радува, висока и убедлива победа. Девојките на Жаклина Стојановска, победија со 17.поена позитива. Триумфот дојде со резултат 80 – 63 на оваа дерби средба.

Во следното, третто коло ние сме гости, ќе играме меч кај тимот на Патриот 2016.