Генерацијата 2008 на ФК Вардар вечерва одигра два натпревари во рамките на детската лига. Избраниците на Петар Георгиевски триумфираа во дуелите со екипите на Еуроспорт и Спорт Ефе.
Вардар (1) одигра дуел против екипата на Еуроспорт, кој го доби со резултат 4:2. Интересно екипата од Куманово прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, откако постигнаа гол од белата точка, после три направени корни. Ударот најпрво заврши во пречката, потоа одбрани Грчевски, дури од трет обид, играчот на Еуроспорт успева да погоди и да го отвори резултатот на 0:1. Сепак Вардар покажа дека е многу поквалитетен и до крајот на првиот дел успева да го сврти резултатот во своја корист. Кај црвено-црните први обиди имаа Шотаровски и Азизи, но голманот на противникот успева да ги одбрани ударите. Стефан Марковски беше играчот кој успева да го израмни резултатот, со погодок од голема далечина., нашиот играч биеше, голманот беше немоќен и принуден да ја вади топката од мрежата, тоа значеше и израмнуавње на 1:1. Избраниците на Георгиевски продолжија со иницијативата, набргу направија и пресврт, Шотаровски додаде со Азизи, овој погоди за предност од 2:1. Се закани и Еуроспорт, но нивниот удар заврши крај голот, додека до крајот на првото полувреме, Арти Азизи со својот втор гол зголеми на 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.
Вардар имаше иницијатива и во вториот дел, постојано атакувавме кон голот на противникот, а прв кој се закани во овој дел од мечот беше Шотаровски, кој биеше, но голманот на кумановчани успешно одбрани. Не се чекаше многу време за новиот гол, повторно во противничката мрежа, овој пат во листата на стрелци се запиша Ненад Дамјаноски, кој го зголеми водството за 4:1, откако му асистираше Шотаровски. Откако противникот направи три корни, беше досуден пенал за Вардар, истиот го реализира Арти Азизи за зголемена предност од 4:1. Обид имаше и Бојан Пешов, но голманот одбрани. До крајот на мечот противникот постигна гол за намалување на 4:2, кој беше и конечен резултат на крајот.
Вардар (2) исто така триумфираше во дуелот против тимот на Спорт Ефе. Од својата прва посериозна прилика успеваме да постигнеме гол, резултатот за 1:0 го отвори Стефан Бранковски. Обид имаше и Матеј Киш кој биеше крај голот, додека Спорт Ефе имаше голема прилика да го израмни резултатот, но за наша среќа ја погодија само стативата од нашиот гол. Кај Вардар шанса имаше Блажевски, но одбрани противничкиот гоман. Спорт Ефе даваше отпор, се обидуваше да израмни, од слободен удар имаа прилика кога нафрлија топка, бие еден од играчите на Спорт Ефе, ударот заврши во пречката. Вардар успева да казни и да зголеми на 2:0, откако по втор пат денес погоди Бранковски. Овој резултат беше актуелен и на полувреме.
Петар Блажевски беше играчот кој прв се закани во вториот дел, поведе акција Бранковски, топката стигна до Блажевски кој бие од прва, но одбрани голманот на Спорт Ефе. Голема прилика за зголемување на предноста имаше Бојковски, кога шутираше во стативата, резултатот остана непроменет. Екипата на Спорт Ефе успева да постигне два гола, еден од игра и еден од пенал, со кои го израмни резултатот на 2:2. Црвено-црните тргнаа во офанзива, добра шанса имаше Блажевски кој бие од неколку метри, но одбрани голманот, додека во прилика се најде и Ташовски, но повторно голманот на Спорт Ефе беше на вистинското место. Вардар силно нападна, Спорт Ефе се бранеше на својата половина, за само една минута успеаа да примат два гола. Најпрво Петар Блажевски најдобро се снајде во мешаницата и ја врати предноста од 3:2, додека во следната акција од голема далечина удар упати Ненад Дамјаноски кој го матираше голманот, за предност од 4:2. До крајот постигнавме уште еден гол, Азизи додаде до Трпевски, кој успева да постигне гол, за зголемување на 5:2, резултат кој на крајот беше конечен.