Saturday ,16 January 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Важна победа за Вардар Јуниор, совладан РК Работнички во гости
Важна победа за Вардар Јуниор, совладан РК Работнички во гости

Важна победа за Вардар Јуниор, совладан РК Работнички во гости

Интересен момент околу освојувањето на бодови има оваа сезона, Вардар јуниор. Тие  денес дојдоа до 9.бода со треттата победа на гости, сите бодови ни се од гостувањата оваа сезона кај дирекните ривали за опстанок. Денес беше совладан тимот на  Работнички со 35:26.

Првиот дел беше исполнет со голема битка, двата тима беа резултатски блиску еден до друг. Домаќинот отвори со два гола за 2-0, ние со серија 1-3, изедначивме на реми 3-3. Потоа се играше гол за гол, па на пауза заминавме со минимална предност од еден гол. На семафорот во „Кале“ беше 15-16.

Вториот дел започна со одлична игра на црвено-црниот млад сениорски тим во одбрана, на тоа се придодадоа и неколкуте одлични одбрани на Марко Кизиќ. По 17-18.минути ракомет на семафорот стоеше 19-26, ние се одлепивме на седум позитива пред почетокот на последната треттина од ова полувреме. Одлично го исконтолиравме мечот и победивме со резултат 26-35.

Кај нас прв стрелец беше Ќосевски Ален со 9 гола, Кукуловски Дејан погоди  8 пати, додека стрелец на 6.гола беше пикерот Стефан Крстевски.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Кизиќ, Јанковски, Чакалиќ 4, Кукуловски 8, Гашовски, Јакимовски, Карапалевски 4, Андоноски, Анѓелковски, Анѓеловски, В. Крстевски, С. Крстевски 6, Атанасовски  4, Ќосевски 9, Дука.