Денес на гостувањата кај екипите на Њу Старс, вардароввите генерации 2006 на Филип Спасески и ген.2005 на Зоран Петковски дојдоа до високи гостински победи.
Генерацијата 2006 успеа да забележи нова шестта победа во рамките на регионалната-скопска лига. Успеавме да го отвориме резултатот уште во 3.минута од мечот кога противничката мрежа ја затресе Алтин Алији за почетни 1-0. Потоа во 6.минута Николовски Марко зголеми на 2-0. Доминиравме во текот на првиот дел, успевме да го удвоиме водството до крајот на 1.полувреме. Два пати таличен за ривалот беше Алтин Алији, кој погоди за 3-0 и за 4-0, резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел нашата тотална доминација на теренот продолжи со исто темпо, ние засиливме во офанзива потоа. За 5-0 погоди нововлезениот Андреј Величковски, а стрелец за 6-0 во 61.минута беше Николовски Марко за кој ова беше втор погодок денес. Од клупата сите играчи кои влегоа го одржаа високото темпо, двајца нововлезени момци погодија за конечните 8-0. Стрелци на последните два гола беа Митревски Лука и Динов Антони.
Вардар: Данстак, Николов, Миовски, Јанкоски, Порчу, Спасовски, Ајетовиќ, Нурединовски, Алији, Цониќ, Николовски.
ФК Вардар генер.2005 дојде до убедлива победа во средбата со своите врсници со 0-6(0-1). Првиот дел иако имавме многу прилики за гол сепак на пауза заминавме со минимална разлика од еден гол. На пауза се замина со 0-1, стрелец на единствениот погодок за момците во црвено-црни дресови беше Тино Спасиќ. Нашата доминација во првиот дел не донесе голема резултатска предност, но најави одличен втор дел.
Во вториот период вистинска голеада имаа вардарци. Нашите момци во овој дел погодија дури пет пати, наградувајќи ја теренската инцијатива со висока победа. Петте погодоци за нас во овој втор период ги постигнаа следните момци: Ѓорѓи Дошев, Тино Спасиќ, Филип Јовановски, Никола Величковски и Горјан Цветков.
Вардар: Илиевски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Цветков, Антевски, Дошев, Серафимов.
Играа уште: Николовски, Ристовски, Калановски и Стефановски.