Пионерките на Вардар, денес на првиот меч во кадетската лига го одигаа 1.коло и дојдоа до деби победа. Тие ја пречекаа екипата на Ѓорче Петров и ја совлаадаа со резултат 37-23.
Ние влеговме во мечот со одлична игра, поведовме со 3-1 во 4.минута преку Мила Пешиќ. Потоа, одбрани Ѓорѓиевска, погоди Бојана Коцева и Максимовска Наталија за да отидеме на 5-1, по овој погодок следеа минути на гостинките. Тие успеаа да да намалат на 6-4 и се вратија во игра. Веднаш, кој друг ако не Борјана Коцева направи соло продор и погори за 9-4 некаде на средината од првиот дел. Со нова серија, овој пат со 1-4, “жилавиот“ тим на Ѓорче Петров се врати во игра и намали на 10-8 во 22.минута. Заигравме во одбрана на ниво, нововлезената Леа Христова даваше сигурност на нашиот гол, со голот на капитенот Коловска Александра која одлично погоди од свртување во 25.минута поведовме со плус пет, 13-8. Нашата добра игра продолжи и потоа, девојката која не навикна дека игра тотален ракомет, Борјана Коцева во 27.минута погоди за до тогаш највисоки, 8 плус, 17-9 по една брза контра. На одмор заминавме со резултат 19-10.
Вториот дел започна со долг напад на гостинките, тие беа во офанзива 120.секунди, топката конечно ја украде Коловска и во напад реализиравме за двоцифрена предност 20-10, потоа и по една котра погоди Стефаноска за 21-10 во 34.минута. Вардарки воспоставија целосна контрола на овој меч, тие беа тие кои ја диктираа играта. По 9.минути игра со голот на Бојана Коцева поведовме со 12 плус, на семафорот беше 24-12, тренерот на гостите Радиќ се одличи за тајм-аут. Нити потоа ривалот немаше сила серизоно да не загрози, ние ја одржувавме двоцифрената предност. Со голот на Стефаноска Сара на средината на вториот дел водевме повторно со 12 гола, таа награди одлична одбрана на Леа Христова, по овој гол резултаот беше 27-15. Платон повторно во нејзин стил искористи ротација, даде шанса на голем број на девојки од клупата, повторно тоа не влијаеше на ритамот на тимот кој постојано играше на ниво. Ние ја дигнавме предноста и на 14 гола, во 54.минута по пенал направен над Равојска Јана, истиот го прромашивме топката се врати во поле и погоди за 34-20, Наталија Максимоска. Се до крајот беше формалност, ние дојдовме до победа со резултат 37-23.
Коцева Бојана и Коцева Борјана имаа 5 гола, по 4 пати погодија Пешиќ Мила и Сара Стефаноска, Ангелова Теодора и Крагељ Мила по 3.