Утрово започнаа елиминациските натпревари во детската лига, за генерации родени “2003“ и “2004“ година. Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година со триумф го започнаа овој дел од разигрувањето. Прв противник ни беше екипата на Шкупи, која беше убедливо совладана со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Георг Стојановски (2) и Марио Ричков.
Натпреварот започна со целосна доминација за нашиот состав, кој почна уште од првата минута да атакува на противничкиот гол. Првите удари кон голот на Шкупи ги имаа Георг Стојановски и Сандро Каровски, но новните удари завршуваат надвор од рамките на голот. Противникот имаше прв можност да поведе, откако ја погодија пречката од нашиот гол. Сепак црвено-црните наскоро го отворија резултатот, а стрелец беше Георг Стојановски. Од слободен удар биеше Горазд Попов, одбиената топка во голманскиот простор стигна до Стојановски кој погодува за 1:0. На вториот погодок не се чекаше многу време, односно веќе во следната минута, успеваме да поведеме со 2:0. Марио Ричков беше прецизен од удар од белата точка, откако Шкупи направи три корни. До крјот на првото полувреме имавме уште две убави прилики да го зголемиме водството. Најпрво Марио Ричков, а потоа и Стојановски упатија удари, но противничкиот гол спречи поголема негатива за неговиот тим. На полувреме се замина со резултат 2:0.
Вториот дел започна со шанса за Шкупи, се играше акција од левата страна, еден од нивните играчи биеше за малку покрај голот на Тасев. Во следниот период, во шанси се најде Горазд Попов, но голманот излезе како победник во овие дуели. Сепак иницијативата во овој дел од мечот, ја крунисавме и со трет погодок, повторно дело на Георг Стојановски за конечни 3:0 на овој меч. До крајот Шкупи имаше можност да го намали резултатот, но пречката од нашиот гол не дозволи такво нешто.
Победа оствари и Вардар (2) генерација “2004“ која беше подобра во дуелот со екипата на Албион. Конечниот резултат на овој дуел гласеше идентично 3:0. Стефан Стојановски постигна два гола, додека еден беше дело на Марио Сурлов.
Првите обиди за отварање на резултатот ги имаше Стефан Стојановски, но неговите удари завршија покрај противничкиот гол. Црвено-црните имаа целосна иницијатива, следен кој се обиде беше Никола Анчевски, голманот на Албион го брани неговиот удар. Истиов играч беше доста активен во овој период од играта, нов негов удар кој завршува покрај голот. Сепак до крајот на првиот дел успеваме да поведеме со голот на Марио Сурлов од 1:0. за водство од 1:0.
Прва прилика во вториот дел за Вардар, преку Теодор Перковски, голманот брани и избива во корнер. Продолживме со нападите на повратна топка од Перковски, Анчевски бие, но противничкиот чувар е најзаслужен што неговиот тим нема поголема негатива. Успеваме да поведеме и со 2:0, преку Стефан Стојановски кој направи соло продор шутира покрај левата статива и топката заврши во голот на Албион. Истиов играч, Стојановски зголемува и на 3:0 со удар во горниот десен агол. Екипата на Албион не успеа данамали, отккао прво нашиот голман Васко Василев успешно брани, а во следните минути, противникот не успева да реализира од удар од белата точка. До крајот на мечот имавме прилики, преку Сурлов и Ивановски, кој останаа неискористени. Конечниот резултат гласеше 3.0.
До крајов на денов двете екипи на Вардар треба да ги одиграат решавачките натпревари, за пласман на завршниот турнир во детската лига. Вардар (1) за противник ќе ја има екипата на Албарса, додека Вардар (2) ќе се сретне со победникот од мечот помеѓу Бешикташ и Милано.