Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија, четвртото коло од детската лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година. Избраниците на Ане Андовски славеа во дуелите со екипите на Петровец и Работнички.
Вардар (2) како на тренинг успеа лесно да стигне до триумф и тоа убедливо со резултат, откако беше подобра од екипата на Петровец. Целосна доминација на вардарци на овој меч, а самиот резузлтат говори за одразот на силите и квалитетот кај двете екипи. Голеадата на овој натпревар ја отвори славеникот Лука Јакимовски, кој денес слави 13 години, токму со неговиот гол, Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Бргу екипата на Петровец направи три корни, по што беше досуден пенал за нашите надежи. Истиот успешно го реализира Александар Калановски, за предност од 2:0. Во листата на стрелци во следната акција на Вардар се запишува и Петар Пројкоски кој го зголемува резултатот на 3:0. Следниот период му припаѓа на Филип Радевски кој успеа да постигне дури три голови и веќе да има хет-трик зад негово име, голови со кои го зголеми резултатот на 6:0. Во следната акција се обиде и Петар Пројкоски, кој шутира за малку покрај противничкиот гол. Истиов играч во следната минута асистира до Радевски, кој со својот четврти гол, му донесе предност на Вардар од 7:0. Продолживме да создаваме шанси пред противничкиот гол, а рутина ни стана постигнувањето на голови на овој дуел. Следи втор гол на мечот за Петар Пројкоски, за веќе убедливо водство од 8:0. Одличен меч денес одигра и Филип Радевски кој со својот петти гол го зголеми резултатот на 9:0. До крајот на првото полув реме успеавме да постигнеме уште три голови. Двоцифрена предност од 10:0 на Вардар донесе Петар Пројкоски, кој стигна до хет-трик на овој натпревар. За одбележување е исто така и ударот на Радевски, но топката заврши покрај голот. Сепак Радевски во следниот обид ја затресе противничката мрежа, за водство од 11:0, додека резултатот од 12:0 на полувреме со нов гол го постави Лука Јакимовски.
И во вториот дел гледавме иста слика на теренот,Вардар беше тимот кој напаѓаше, а нашиот голман Леонид Илиевски беше речиси без работа. Второто полувреме како и првото со гол го отвори Лука Јакимовски, кој зголеми на 13:0. Истиов играч повтрно постигнува гол, за веќе поубедлива предност на Вардар од веќе 14:0. Иако имавме убедливо водство, не застанавме да создаваме шанси, а следен кој ја атресе мрежата на Петровец беше Пројкоски, за резултат од 15:0. Дамјан Конески имаше исто така голема прилика, кога немаше среќа и ја погоди стативата од голот на Петровец. Голема шанса имаше и бекот Стефан Ристовски кој бие само покрај противничкиот гол. Сепак во следниот обид успева гол да постигне и Ристовски, кој зголеми на 16:0. До крајот на натпреварот беа постигнати уште два голови и двата беа дело на Лука Јакимовски, кој го постави конечниот резултат од 18:0.
Дербито во оваа генерација го одиграа екипите на Вардар (1) и Работнички. Вардар влезе мотивирано на овој дуел, а таквиот пристап ни донесе брзо отварање на резултатот. Пред да псотигнеме гол, прв директен удар кон голот на Работнички имаше Тино Спасиќ кој бие над голот. Одличен гол постигнува Матеј Гаштаров кој од голема далечина успева да му донесе предност на Вардар од 1:0, откако од корнер топка му додаде Фидановски, а Гаштаров на дело ги покажува своите фудбалски квалитети. Истиов играч успева да им донесе водство на црвено-црните од 2:0, на голот претходеше одлична акција која ја започна Фидановски, кој додаде до Величковски, овој несебично ја продолжи топката која стигна до Гаштаров, кој со својот втор гол денес зголеми на 2:0. Се обиде и екипата на Работнички и тоа со два удари во следните минути, кои завршија покрај голот на Апостоловски. Добра шанса за противникот кој имаше можност да го намали резултатот, но нашиот голман, Илија Апостоловски успешно одбрани и не дозволи погодок. Во последната минута од првото полувреме, екипата на Работнички направи три корни, по што беше досуден пенал за црвено-црните. Хет-трик за Матеј Гаштаров кој не греши и погодува за високо водство на Вардар од 3:0 по истекот на првите 30 минути.
Почетните минути во вториот дел им припаднаа на противникот, кои имаа два директни удари кон нашиот гол, но повторно Апостоловски со одлични интервенции не дозволува гол во својата мрежа. Трета корна направи Вардар, па екипата на Работнички доби казнен удар, кој во гол го претвори противникот, за намалување на резултатот на 3:1. Матеј Гаштаров е денес најдобриот играч во редовите на Вардар, кој со својот четврти гол успева да го “олади“ противникот и повторно да му донесе голема предност на својот тим. Гаштаров умешно се ослободи од противничкиот чувар на мрежата и ја смести топката во празната мрежа, за водство од 4:1. Повторно избраниците на Андовски ја имаа иницијативата, а во листата на стрелци се запишува и Давор Лефковски, кој со својот прв гол денес го зголеми резултатот на 5:1. До крајот на натпреварот уште еден гол во противничката мрежа, прв на дуелот и за Никола Величковски кој успева да го матира голманот на Работнички и да ги постави конечните 6:1 на ова дерби кај генерацијата родени “2005“ година. Истиов играч имаше уште една прилика, но голманот на Работнички го одбрани ударот.
Одлично издание и во денешното коло од детската лига, за генерацијата “2005“ на ФК Вардар која има стопроцентен ефект во пролетниот дел од сезоната.