Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор немаше сила за изненадување во Куп дуелот со РК Металург
Вардар Јуниор немаше сила за изненадување во Куп дуелот со РК  Металург

Вардар Јуниор немаше сила за изненадување во Куп дуелот со РК Металург

Вчера и денес  во Автокоманда се играат натпреварите од четвртата четврт-финална група во Купот на Македонија. Во истата учествуваат екипите на Металург, Тинекс Пролет, Вардар Неготино и на Вардар Јуниор. Вчера во првото полуфинале младиот тим на Вардар Јуниор се сретна со екипата на РК Металург и беше поразена со што заврши настапот за нив во Купот.

Момците на Стојан Петрушевски неможеа да смогнат сили за изненадување против поискусниот тим на неколку кратниот македонски првак. Нашите момци на почетокот покажаа квалитет и пркос во овој дуел, ние на почетокот постојано резултатски ги следевме сино-белите. Дуелот почна со резултат 1-1, потоа беше 2-2, па 3-3 и 4-4 и на крајот на семафорот стоеше 5-5.  Тука следеше кобен пат со серија 8-1 домаќинот се одлепи на дури седим гола позитива поведувајќи со 13-6. Тие и по овој резултат постојано го зголемуваа водството, па на пауза заминаа со предност од 21-9.

Вториот дел сам по себе беше чиста формалност, сепак нашите момци одиграа во истиот поопуштено и беа далеку поефикасни од првиот дел. Тие за времетрањето на вториот дел постигаа 16 гола, односно седум повеќе од првите 30.минути. Ние бевме поразени со резултат  39-25 на ова четвртфинално Куп соочување.

Кај нас најефикасен беше Атанасовски Стефан со шест погодоци, втор стрелец беше Трпчевски Стефан со пет гола, апак Атанасовски Кристијан ефикасен беше три пати.