Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Двете екипи на Вардар се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија
Двете екипи на Вардар се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија

Двете екипи на Вардар се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија

Вардар и Вардар јуниор лесно и без многу проблеми обезбедија учество на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Првиот тим на Вардар немаше никакви проблеми против екипата на Овче Поле, со убедливи 58-20, нашите девојки се пласираа на Ф4. Убедливо најрасположени за игра на овој дуел беа Сара Ристовска, Јован Саздовска, Теодора Керамичиева и Бајрамовска.

Овче Поле – Вардар 20-58 (11-29)

ВАРДАР: Саздовска 12, Бајрамовска 9, Мицевска, Керамичиева 11, Суслина, Хмирова, Петровиќ 4, Гичевска 4, Ристовска 18.

Интересно и неизвесно беше во Куманово каде Вардар јуниор имаше до самиот крај водство, но дозволи домаќинот да израмни и потоа пеналите да решаваат која екипа ќе биде во полуфиналето на Купот. Во регуларните 60. минути резултатот беше 29-29, а потоа на пенали Слободанка Кицевска одбрани два, за да биде јунак на овој меч. На овој дуел прв стрелец кај Вардар беше Трпевска со седум погодоци.

Куманово – Вардар јуниор 31-33 (29-29, 13-19)

ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Реџеп, Николовска 5, Карчова, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 7, Георгиевска, Диневска 5, Божиноска 6, Филипоска, Иванова 6, Николиќ, Николовска 4.