Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Будимир, кадетите на РК Вардар сигурно чекорат кон пласман на нов завршен турнир, откако вечерва славеа на гостувањето кај Пролет 62
Избраниците на Будимир, кадетите на РК Вардар сигурно чекорат кон пласман на нов завршен турнир, откако вечерва славеа на гостувањето кај Пролет 62

Избраниците на Будимир, кадетите на РК Вардар сигурно чекорат кон пласман на нов завршен турнир, откако вечерва славеа на гостувањето кај Пролет 62

Кадетите на ракометниот клуб Вардар не запираат со победите, откако вечерва славеа и на гостувањето кај екипата на Пролет 62. Во еден интересен меч, подобри беа вардарци кои триумфираа со резултат од 21:24.

Домашниот тим подобро го отвори натпреварот кога со два последователни голови поведе со 2:0, но следеше брз одговор од избраниците на Будимир кои вратија на ист начин и го израмнија резултатот. Во следните три минути се играше гол за гол, се до моментот кога Пролет 62 со нова мини серија од два погодоци повторно ги имаше оние два гола позитива од стартот на дуелот (6:4). Имаше противникот и најголеми три гола водство од 8:5, но Вардар не помислуваше да се предаде, туку со фуриозен налет во следните пет минути прави серија од 0:3 и повторно носи израмнување на резултатот од 8:8. Успеавме за прв пат на мечот и да поведе, откако од 10:9 направивме пресврт и поведовме со 10:11. По првото полувреме ниту една од екипите немаа водство, па на одмор се замина со резултат 12:12.

30769080_10211869591677393_749487793_o

Пролет само во првите пет минути од вториот дел имаше сили да се надигрува со Вардар, кога поведе со 15:13, но следеше лош период во нивната игра кога цели осум минути не постигнаа гол, а избраниците на Будимир во тој период направија серија од 0:7 и се одлепија на солидна предност од 15:20. Кога помисливме дека до крајот на мечот ќе имаме контрола на резултатот, домаќинот успеа да се соземе и со четири последователни голови да стигне до само еден гол негатива (19:20). Сепак финишот му припадна на нашиот состав, кој со серија од 1:4 поведе со 20:24 и тука немаше веќе време за некои поголеми возбудувања. На крајот славиме триумф со резултат 21:24.

Вардар: Стојкоски, Мишевски 2, Чакалиќ 8, Павловски 1, Трајановски , Ангеловски, Димитријевски 4, Чорогунов, Јанчев, Србиновски 2, Грујовски 3, Трајчевски , Савревски , Димчевски 1, Мирчевски, Калајџиески 2.

Оваа генерација на Вардар родени “2002/03 година останува се уште непоразена оваа сезона и во пионерска и кадетска конкуренција. Ова беше десетти последовалтен триумф за кадетите на Вардар во лигата, во која се промовираат како сигурни учесници на завршниот турнир. Ваков пласман веќе постигнавме во пионерска конкуренција, каде во недела на Кале сме домаќини на завршниот турнир на најдобрите четири екипи.