Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2008“ со две победи го стартуваше турнирот во Загреб
Вардаровата генер. “2008“ со две победи го стартуваше турнирот во Загреб

Вардаровата генер. “2008“ со две победи го стартуваше турнирот во Загреб

Вардаровата генерација родени “2008“ година предводена од тренерот Неделковски Павел, со две победи стартуваше на  17-тиот меѓународниот турнир Лимача „Ивица Петроци“, организиран од фудбалскиот клуб Трње.

На првиот дуел се сретнавме со екипата на Трешњевка од Хрватска, која ја совладавме минимално со резултат од 1:0. Единствениот гол на овој меч, вреден стартна победа, беше дело на Матео Кесиќ. Стоперот на вардарци, најдобро се снајде во противничкиот простор, при изведен корнер на нашот тим, Кесиќ беше најприсебен и ја смести топката во противничката мрежа.

На вториот дуел се сретнавме со тимот на Горица од Словенија и тука избраниците на Павел Неделковски триумфираа со резултат 2:0. На овој дуел стрелци за Вардар беа Арти Азизи, кој на  нафрлена топка од десната страна, фудбалски ја смири и шутираше силно во мрежата на противникот, додека вториот гол беше дело на Коста Бошковски. На голот претходеше одлична акција кја започна од нашата половина, а реализатор беше Бошковски, кој од десната страна прецизно упати удар, иако голманот на Горица мислеше дека таа топка ќе биде нафрлена, го остави својот агол празен, па на крајот ја вадеше топката од мрежата.

Една утакмица се игра по 25 минути, без полувреме. До крајот на денот не очекува и третиот дуел во групата, противник е екипата на Зет од Хрватска.