Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар убедливо го совладаа тимот на Милано
Кадетите на ФК Вардар убедливо го совладаа тимот на Милано

Кадетите на ФК Вардар убедливо го совладаа тимот на Милано

Кадетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа претпоследното коло во првенството. Противник ни беше тимот на Милано, кој го совладавме убедливо со резултат од 4:0

Вардар: Тимевски, Радевски, Пешевски, Ѓурковски, Митревски, Омерагиќ, Игнатов, Петковски, Ибиши, Димов, Ристовски.

Сите голови на овој дуел беа постигнати во првото полувреме. Уште во 3 минута од мечот го отворивме резултатот кога Џемал Ибиши погоди за водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, кога во 12 минута со својот втор гол Ибиши го зголеми резултатот на 2:0. Избраниците на Колев имаа доминација на теренот и целосен посед на топка. По 20 минути игра веќе имавме предност од 3:0, кога во листата на стрелци се запиша Виктор Пешевски. На истекот на првото полувреме, вардарци постигнуваат и четврт гол на овој дуел, прв за Христијан Димов, за конечен резултат од 4:0 на овој дуел од кадетската лига.

Во игра влегоа уште Адем, Димоски, Николов, Манасиевски и Младеновски.