Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Елиминирани Вардар (1) и Вардар (2) кај генер. “2009“ и “2010“, додека вардаровата генерација “2006„ со двете свои екипи утре ќе се бори за пласман на завршниот турнир
Елиминирани Вардар (1) и Вардар (2) кај генер. “2009“ и “2010“, додека вардаровата генерација “2006„ со двете свои екипи утре ќе се бори за пласман на завршниот турнир

Елиминирани Вардар (1) и Вардар (2) кај генер. “2009“ и “2010“, додека вардаровата генерација “2006„ со двете свои екипи утре ќе се бори за пласман на завршниот турнир

Денес на терените на ФК Работнички и ФФМ, започна елиминацискиот дел во детската фудбалска лига.

Вардаровата генерација родени “2006“ година со две екипи утре ќе ја игра следната елиминациска фаза. Денес натпревар требаше да игра само екипата на Вардар (1) против екипата на Сарај, но истиот не започна поради тоа што од противничката екипа немаа лекарска документација за своите играчи, што е правило во овој дел од натпреварувањето. Доколку целата екипа нема лекарско, тие службено го губат овој натпревар. Така беше и денес со тимот на Сарај, што значи дека Вардар (1) без борба помина во следната елиминациска рунда, каде ќе им се приклучи и “братскиот“ Вардар (2).

Ждрепката сакаше во првата елиминациска фаза да се сретнат екипите на Вардар (1) и Вардар (2) кај генерацијата родени “2010“ година. Поуспешен беше Вардар (2), кој славеше со резулат од 1:3. За победничкиот тим успешно стрелаа Лукa Пaцески, Блaгoјче Седлoски и Лукa Јoсифoвиќ кои постигнаа по еден гол, додека стрелец за поразените беше Далибор Марковиќ.

Кај генерацијата родени “2009“ година својот настап во детската лига го завршија екипата на Вардар (2) кој денес беше поразен од тимот на Скупи, со конечен резултат од 2:6, како и Вардар (1) кој беше поразен од тимот на Форца (1:2). Единствениот гол за Вардар го постигна Јаков Стојковски. За Вардар (2) головите беа дело на Алек Бабунски и Сулејман Качман.