Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лазаров и Нант го чекаат Вардар во финалето!
Лазаров и Нант го чекаат Вардар во финалето!

Лазаров и Нант го чекаат Вардар во финалето!

Кирил Лазаров и тимот на Нант се пласираа во големото финале и го чекаат Европскиот шампион Вардар во истото. Денеска Нант покажа дека не секогаш фаворитите и парите доминираат во ракометот. Предводени од Кирил Лазаров со осумте погодоци, Нант во секој сегмент го победи големиот ПСЖ и заслужено се пласираше во утрешното големо финале.

Само во првите 13-сетина минути резултатот беше егал, за потоа со една серија на погодоци Нант во еден момент од натпреварот да дојде и до високи плус шест. По првиот дел, ПСЖ се врати па само на пауза имаше минус три. Одличната игра на Нант продолжи и во вториот дел, предводени од голманот Думолин, Лазаров и Торна, францускиот тим имаше контрола на резултатот. Во последните десет минути Нант од готово ќе направеше вересија, но, за среќа нивниот голман беше на високо ниво и со одбранет пенал на две минути до крајот го доведе својот тим во големото финале. На крајот, Нант победи со резултат 32-28.

Најпрецизни во составот на Нант беа Лазаров и Торна со по 8 постигнати гола.

- За неполн час, во другото 1/2 финале се среќаваат нашиот Вардар и тимот на Монпелје.