Младинците на ФК Вардар денес на теренот на Академијата одиграа само 26 минути против екипата на Милано. До овој период двајца противнички играчи се повредија, па поради немање на играчки кадар, главниот судија и делегатот на овој дуел го прекинаа натпреварот, кој со службен резултат ќе му биде доделен на Вардар
Вардар: Петковски, Тасев, Наумчески, Младеновски, Јахја, Јусуф, Маркоски, Бериша, Ѓорѓиески, Велковски, Дишлишевски.
Инаку до 26 минута од мечот, црвено-црните имаа предност од 4:0. Во 4 и 9 и 15 минута од натпреварот погоди еден ист играч, тоа е Јахја Абдулхади, за водство од 3:0. Во 24 минута во листата на стрелци се запиша и Јакуп Бериша за предност од 4:0.