Вардаровата генерација родени “2007“ година предводена од тренерот Томче Трајановски ги доби сите три натпревари во групата на силниот меѓународниот турнир Лимача „Ивица Петроци“, организиран од фудбалскиот клуб Трње.
На првиот дуел се сретнавме со екипата на Кустошија од Хрватска, меч на кој славевме минимално со резултат 1:0. Погодокот единствен на мечот беше дело на Борјан Томовски. На вториот меч во групната фаза за противник ја имавме екипата на Посушје од БИХ. И на овој меч само еден гол го реши победникот, а истиот го постигна Вардар преку Петар Мицевски. Избраниците на Томче Трајановски беа супериорни и на третиот натпревар во групата, против екипата на Врбовец од Хрватска. Тука однесовме триумф со резултат од 2:0, со головите на Марко Киш и Борјан Томовски.