Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за генер. 2004 и 2005 на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Форца
Две убедливи победи за генер. 2004 и 2005 на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Форца

Две убедливи победи за генер. 2004 и 2005 на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Форца

Денес на теренот на Локомотива, своите натпревари од регионалната-скопска лига ги одиграа генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година.Нашите млади надежи беа убедливи во дуелите со екипата на Форца.

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година стигнаа и до осмата последователна победа. Избраниците на Сашо Јанев немаа поголеми проблеми околу освојување на нови бодови.

Вардар: Филевски, Величковски, Конески, Кулуковски, Гаштаров, Спасиќ, Јовановски, Танески, Сековски, Лефковски и Галевски.

Вардар по првото полувреме имаше водство од 0:2. Резултатот на овој меч го отвори Матеј Гаштаров за предност на Вардар од 0:1, додека до крајот на првиот дел, противничката мрежа ја затресе и Дарко Сековски, за предност од 0:2. Екипата на Форца во овој дел од мечот успеа да намали на 1:2, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел игравме уште поофанзивно и на крајот постигнавме уште нови три гола. Во листата на стрелци се запиша и капитенот Никола Величковски кој го зголеми резултатот на 1:3. Прв гол на денешниот натпревар и за Кристијан Галевски кој зголеми на 1:4, додека конечните 1:5 со својот втор гол денес ги постави Дарко Сековски.

Во игра во второто полувреме влегоа уште и Цветков, Николовски, Илиевски, Наумовски, Радевски и Стефановски.

До победа стигна и генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година кои беа подобри од врсниците од Форца. Избраниците на Петар Ѓорѓиески триумфираа убедливо со резултат 0:7.

Вардар: Ангелов, Каровски, Стоимов, Павлески, Стојановски, Перковски, Дошев, Идризи, Ѓорѓиевски, Гуџуфи, Ибраим.

Горазд Попов, Левент Ибраим и Бесар Гуџуфи постигнаа по два гола, додека еден беше дело на Кристијан Ѓорѓиевски. Ова беше шестта победа за оваа генерација на Вардар во регионалната-скопска лига.