Денес, повторно ФК Вардар генерација родени 2010 година забележаа две победи во детската лига. Момците на Стефан Михајлов во двомечот со ФК Биџо од Куманово дојдоа до нови шест бода. Тие во досегашните 4.кола имаат максимални 8 победи.
Вардар (1) генер. “2010„ во првата средба го совлада тимот на ФК Биџо (1) со резултат 3-2. На самиот почеток Стефан Ристиќ успеаа да го отвори дуелот со погодок, тој погоди за водство со 1-0. Во нашата одбрана Филип Наумовски одигра одлично и пресече неколку напади на ривалите од Куманово. По една прилика потоа не реализираа Ристиќ и Марковиќ Далибор. Дојдовме и до гол за удвојување на предноста, Марковиќ успеаа по асистенција на Ристиќ да погоди за 2-0. До крајот малку се опуштивме па противникот во последниот напад по изведена корна успеаа да намали на 2-1.
Вториот дел почна со прилика за кумановскиот тим, на нашиот гол Константин Трајков одлично интервенираше. Ристиќ пропушти сериозна шанса, тоа беше казнето со погодок за изедначување. ФК Биџо успеаа да ја врати резултатската симетрија и изедначи на 2-2, внесувајќи неизвесност околу крајниот исход.
Најпрвин преку Марковиќ се обидовме да се вратиме во водство, но неуспеавме. Чедевски имаше една топка одлично асистираше до Стефан Ристиќ кој во манир на расен стрелец погоди за 3-2. Токму овој гол се покажа како клучен за нова победа на црвено-црните момци.
Вардар (2) генер. “2010„ дојде до победа во мечот со ФК Биџо (2) со резултат 3-1. На почетокот на дуелот прв се обиде Митревски Максим со удар кој не го реализираше. Потоа Пацевски Лука имаше сериозна шанса за погодок, која голманот на ривалот со крајни напори ја одбрани. Конечно го “скршивме“ отпорот, Митревски Максим атрактивно погодува за 1-0. До крајот на првиот имавме уште три убави прилики, се обидоа Петар Васовски, Македон Симев и Пацевски, сепак на одмор заминавме со минимално водство од еден гол.
Вториот дел почна со наша инцијатива и шанса за Седлоски Благојче која не ја реализираше. Се изведуваше аут, силно шутна Давид Лозанов голманот со врвот на прстите го “потврди“ голот за удвојвање на предноста, тој погоди за 2-0. Следеа серија шанси на Седлоски, тој играше енергично и неколку пати влезе во шанса, но стативата, провничкиот голман и среќата беа негови противници. Противникот намали на 2-1 во продолжение, но кратко по тоа Пацевски Лука на атрактивен начин од корна дирекно погоди за наше водствво со 3-1. До крајот имавме уште обид на Филип Ѓоѓиовски и Васоски Петар за нови погодоци.