Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Стојковски најдобар голман, Омерагиќ најдобар играч на турнирот “Пандев Куп 2018„
Стојковски најдобар голман, Омерагиќ најдобар играч на турнирот “Пандев Куп 2018„

Стојковски најдобар голман, Омерагиќ најдобар играч на турнирот “Пандев Куп 2018„

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар во периодот од 31.07-04.08 беа дел од силен меѓународен турнир “Пандев Куп 2018„, на кој учествуваа  32 екипи од седум различни држави, кои се натпреваруваа во четири различни возрасни генерации.

Вардар беше застапен со генерациите родени “2002“ година која освои второ место, потоа генерација “2003„ која го освои третото место и со најмладата “2005“ која стигна до четвртото место на турнирот. Покрај трофеи и медали за најдобрите три екипи, се доделуваа и поединечни признанија за најдобар играч и голман.

Капитенот на помладите пионери, Лука Стојковски е прогласен за најдобар голман на турнирот во неговата возрасна категорија. Ова е уште едно во низата признанија за младиот и надежен чувар на мрежата на црвено-црните. Напаѓачот на пионерите, Азер Омерагиќ навестува уште една добра сезона во црвено-црниот дрес. Како потсетување, минатата ја заврши како најдобар стрелец за својот тим, а беше и трет најдобар стрелец во лигата. На турнирот постигна три голови и беше еден од најдбрите во својот тим, па заслужено го доби признанието за најдобар играч.